Среќен 4-ти роденден Grouper! (фото+видео)

Лидерот во групно купување и е-трговија, Grouper, изминатава сабота (31.01) го прослави својот 4ти роденден со традиционална голема забава од отворен тип, на која присуствуваа повеќе од 1000 гости. Забавата се одржа во City Hall, во целосно брендиран простор со осмислена приказна, атрактивна за корисниците, соработниците и сите посетители. Во роденденски дух, беа доделени 400 вредни подароци на присутните.

grouper-4-godini-rodenden-1.jpg

Настанот беше отворен со хуморот на Жарко Димитроски, а гостите се забавуваа со музиката на неповторливите Тумбао Салса Бенд, кои приредија одлична журка. Покрај нив, за позитивната атмосфера допринесе и славеникот Групко – маскотата на Grouper, кој беше во постојана интеркација со гостите преку танцување и фотографирање.

grouper-4-godini-rodenden-2.jpg

grouper-4-godini-rodenden-3.jpg

Просторот беше креативно осмислен со Main Stage, Grouper Green Corner каде се делеа брендирани подароци, и Blue Corner на Halkbank со интересни реквизити за фотографирање.

grouper-4-godini-rodenden-4.jpg

grouper-4-godini-rodenden-5.jpg

Задоволството на гостите беше споделено и на социјалните мрежи под хаштагот #groupermk кој ги обедини корисниците како online така и offline.

На полноќ се одржа и извлекување на највредните подароци од страна на Жарко и тимот на Grouper. За да се покаже транспарентноста на доделувањето подароци, се емитуваше live streaming на видео бимовите од извлечените бројчиња.

grouper-4-godini-rodenden-6.jpg

grouper-4-godini-rodenden-7.jpg

grouper-4-godini-rodenden-8.jpg

За 4 години постоење Grouper.mk услужи над 80.000 корисници кои купија над 270.000 купони од над 1500 компании, од вкупно објавени 7500 зделки. Порастот на онлајн трансакции, а со тоа и продадени купони изнесува над 33% споредено со 2013та година.

Инаку Grouper има многу причини за славење - оваа година  за прв пат беше организирана Black Friday акција, која ги сруши сите рекорди. Беа продадени над 2000 купони во еден ден, а акцијата доби позитивен фидбек и на социјалните медиуми.

Наградата за најдобар сајт за е-трговија на годината, и оваа година по втор пат ја доби Grouper, а покрај неа се закити и со награда за најдобар мобилен сајт, како и второ место за најдобра фејсбук страна. Grouper беше единствен сајт со 3 награди.

Понатаму, оваа година во Јули беше лансирана и Grouper.mk мобилна апликација  достапна за Android и iOS корисниците. Апликацијата веќе брои 20.000 инсталации, 80% андроид спрема 20% iOS. Корисниците на апликацијата се на само еден клик од купување и искористување на купоните, веќе не е потребно печатење на купоните, доволно е да ја имате апликацијата и истите да ги покажете од неа. Трговците од друга страна добија нов лесен начин за проверка и валидација на купоните. Над 25% од купувањата во изминатите месеци се напревени преку мобилната апликација. Grouper продолжуваат со реализација на плановите и новините за апликацијата и воопшто за техничките функционалности и во 2015 за да го олеснат и подобрат искуството за сите корисници.

Повеќе за како помина забавата може да погледнете на видеото:

Тимот на CRNOBELO ви посакува уште многу успеси! ;)

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...

Најчитани неделава