Отворен најголемиот и најмодерен фитнес и спа-центар во Македонија

Synergy Fitness & Spa центар нуди комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и уживањето во Скопје.

otvoren-najgolemiot-i-najmoderen-fitnes-i-spa-centar-vo-makedonija-01.jpg

Македонската метропола доби комплетно ново место - Synergy Fitness & Spa - каде што физичката активност и релаксацијата ќе се практикуваат според последните светски трендови. Центарот, којшто вчеравечер свечено беше отворен, е лоциран во населбата Аеродром, на простор од над 2.000 квадратни метри и располага со најголемата фитнес-сала во Македонија, која што е целосно опремена со најсовремената опрема за вежбање од светски познатиот бренд „Technogym“.

На свеченото отварање присуствуваа голем број гости кои низ посебно организирани тури беа запознаени со капацитетите и програмите кои ги нуди  Synergy Fitness & Spa центарот.

"Концептот на Synergy Fitness & Spa центарот е многу едноставен - нудиме комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и на уживањето во Скопје. Целта ни е да им помогнеме на граѓаните да започнат да водат поздрав и поактивен стил на живеење. Затоа им обезбедивме најсовремено опремен простор кој е во потполност прилагоден на модерниот начин на живот - по опрема, климатизација и функционалност. За првпат во Македонија веќе може да се вежба во фитнес-сала со комплетна Technogym опрема“,  изјави Никола Боглев, oперативен mенаџер на Sinergy Fitnees & Spa центарот.

Освен со најсовремена фитнес-сала, центарот располага и со уште две дополнителни сали за групни активности - од класичен фитнес, па сè до часови по зумба, спининг, аеробик, јога, степ-аеробик, пилатес, ориентални танци, боди-баланс, пилатес за трудници, како и активности за деца.

otvoren-najgolemiot-i-najmoderen-fitnes-i-spa-centar-vo-makedonija-02.jpg

До 21 февруари, Synergy Fitness & Spa центарот нуди промотивен попуст од 30%, за секоја месечна членарина за користење на Фитнес салата и Фитнес и Спа пакетот, било за еден, три, шест или дванаесет месеци.

„Недоволната физичка активност и зголемената телесна тежина кај луѓето се меѓу најголемите проблеми на денешницата. Сите ги знаеме веќе докажаните предности од вежбањето. Луѓето кои се во добра физичка кондиција и кои редовно вежбаат полесно го поднесуваат стресот и помалку се подложни на болести. Токму поради тоа Synergy Fitness & Spa центарот нуди правилно конципирани програми за вежбање. Високостручниот тим на инструктори е тука да помогне при изборот и да ги направи тренинзите помотивирачки“, изјави Марјан Лукаревски, фитнес инструктор.

otvoren-najgolemiot-i-najmoderen-fitnes-i-spa-centar-vo-makedonija-05.jpg

Спа-зоната е посебен сегмент наменет за опуштење по напорниот работен ден и нуди најразлични релакс третмани од сауни и парни бањи до релаксирачи и терапевтски масажи. Дополнително, комплексот располага со најсовремено опремена кафетерија, игротека, продавница за спортска опрема и аксесоари, а има и непосреден пристап до катна гаража.

otvoren-najgolemiot-i-najmoderen-fitnes-i-spa-centar-vo-makedonija-06.jpg

otvoren-najgolemiot-i-najmoderen-fitnes-i-spa-centar-vo-makedonija-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава