Македонскиот ресторан Бакал - еден од најдобрите ресторани од Истанбул до Скандинавија

Кога познати готвачи и познавачи на добрата храна повторно се враќаат на едно исто место и тоа поради врвниот квалитет на храната, пристапните цени на оброците подготвени на едноставен традиционален начин, тоа значи дека станува збор за еден од најдобрите европски ресторани. Не треба многу за вистинските гурмани да препознаат дека станува збор токму за ресторанот Бакал во тетовското село Брвеница, оддалечено 15 минути од Скопје.

makedonskiot-restoran-bakal-eden-od-najdobrite-restorani-od-istanbul-do-skandinavija-01.jpg

Далеку од градскиот метеж со прекрасно уреден двор кој плени со својата убавина, Ресторанот Бакал е место со редовни гости, омилено сврталиште на познати лица од нашето опкружување и од регионот, гости кои знаат да препознаат добра храна, и кои ако треба ќе поминат и стотици километри за да уживаат со сите свои сетила во ова место.

А само тие што пробале прекрасно подготвена храна знаат да направат разлика. Тука се произведува леб кој е без адитиви, а месото е свежо печено, подготвено на специфичен начин. Секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Ресторанот работи секој ден, цените се навистина пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.

makedonskiot-restoran-bakal-eden-od-najdobrite-restorani-od-istanbul-do-skandinavija-04.JPG

Сопственикот на ресторанот г. Горан Симјановски воден од желбата се да биде проверено, свежо и од органско потекло сериозно размислува и самиот да одгледува дел од зеленчукот и зачините и тоа во самиот ресторан.,, Во блиска иднина планираме да се пријавиме и на интернационални конкурси за најдобри европски ресторани, и на таков начин Македонија да ја ставиме на мапата на кулинарските мајстори и експерти од цела Европа, придонесувајќи за јакнење на локалниот туризам.

Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот што го прават вистински амбасадор на македонската култура и традиција. Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Атмосферата се подгрева во вечерните часови, кога ќе се запалат светилките и ќе засвират чалгиите. Тогаш за љубителите на добрата музика и храна, почнува вистинската забава.

makedonskiot-restoran-bakal-eden-od-najdobrite-restorani-od-istanbul-do-skandinavija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Познати Македонци кои го започнаа лето 2025 со одмор во Турција – водни лудории со деца, уживање во ... Лила Филиповска се забавува и се качи на фламинго за време на одморот во Бодрум,...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...

Најчитани неделава