Маид Хечимовиќ сними спот во Скопје, наскоро промоција

Пред неколку дена заврши снимањето на првата песна и видеоспот на популарниот пејач Маид Хечимовиќ во Скопје.

maid-hecimovik-snimi-spot-vo-skopje-naskoro-promocija-01.jpg

Момчето кое по учеството на музичкото шоу „Х-Фактор“ стана миленик и на македонската публика, во нашата метропола го снимаше спотот за песната „Док он те љуби“ (Додека тој те љуби). Станува збор за песна на братско-сестринскиот тандем Магдалена и Лазар Цветковски.

- Ова е моја прва песна по завршувањето на „Х-Фактор“ и да бидам искрен едвај го чекав овој момент. Особено ми е драго што песната е на двајца врвни музички имиња од Македонија. Бескрајно сум благодарен на Лазе и Магдалена за преубавата песна. Особено ми е драго што и спотот го снимавме во Скопје, бидејќи вашата земја ми е посебно драга, можеби втора омилена земја по мојата родна Босна и Херцеговина – вели познатиот пејач.

Инаку спотот е под режисерска палка на познатиот Дарио Јанковиќ, додека монтажата е на Дади Ивановски. Истиот се снимаше во хотел „Русија“ и болницата „Филип 2“.

maid-hecimovik-snimi-spot-vo-skopje-naskoro-promocija-02.jpg

maid-hecimovik-snimi-spot-vo-skopje-naskoro-promocija-06.jpg

Покрај Маид, главни улоги во спотот се и манекенките Антонија и Ива од модното студио Црнокрак.

maid-hecimovik-snimi-spot-vo-skopje-naskoro-promocija-03.jpg

maid-hecimovik-snimi-spot-vo-skopje-naskoro-promocija-07.jpg

Маид веќе работи на својот прв албум на кој ќе се најдат песни од познатата пејачка Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ и уште неколку други познати имиња.

Видеоспотот наскоро ќе биде промовиран и пред македонската публика.

Би можело да ве интересира:

ChatGPT ги „дотера“ познатите Македонци за Мет гала - Миа сексапилна во тантела, Едина Муса елегантн... Едина Муса елегантна покрај сопругот Александар, каратистката Пулексенија Јовано...
Ребека емотивна за 19-тиот роденден на Маркијан: „Искачивме многу планини, нè чекаат уште“ „Им благодариме на сите добри луѓе кои на некаков начин помогнаа за да стигнеме ...
61-годишна жена остана бремена со ин-витро во болница во Штип – таткото има 70 години Доказ дека чуда се случуваат се овие родители кои не се откажале - од болницата ...
Ивона Јо благодарна за сопругот: „ Боже милостив си и даваш убавини кога ти знаеш дека е време“ „Тој шеташе со објективот низ Охрид и ме фотографираше - ми покажуваше како ме г...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...

Најчитани неделава