61-годишна жена остана бремена со ин-витро во болница во Штип – таткото има 70 години

Доказ дека чуда се случуваат се овие родители кои не се откажале - од приватна болница во Штип објавија: „Идната мајка, на безмалку 61 година и идниот татко, на 70 години, го дочекаа моментот за кој сонуваа со децении. Момент што за многумина изгледа невозможен, а за нас – уште една потврда дека кога знаењето, искуството и срцето се заедно, чудата навистина се случуваат“.

61-godishna-pacientka-ostana-bremena-so-in-vitro-vo-bolnica-vo-shtip-tatkoto-ima-70-godini-01.jpg

Медицината навистина не е имуна на чуда, а оние кои никогаш не се откажуваат, своето мало чудо може да го добијат и многу подоцна.

Токму таков случај имало во болницата д-р Органџиски во Штип, од каде објавија дека успешно била реализирана ин-витро процедура, која резултирала со бременост кај 61-годишна пациентка, а таткото има 70 години.

Тие никогаш не се откажале, а напредната медицина им го исполни сонот да станат родители.

61-godishna-pacientka-ostana-bremena-so-in-vitro-vo-bolnica-vo-shtip-tatkoto-ima-70-godini-.jpg

Секако, треба да се земе предвид дека секој случај е индивидуален, а од болницата напишаа:

Повторно рушиме рекорди во Болница „Д-р Органџиски“!

Со гордост нагласуваме – станува збор за успешно реализирана ин витро (IVF) процедура, уште еден доказ за врвното знаење, искуство и посветеност на нашиот тим.

Денес сме преплавени со емоции, гордост и благодарност. Наши пациенти кои живеат и работат во Европа, не израдуваа со вест што се чека цел живот – позитивен тест за бременост.

По долги години борба, надежи што многупати биле разнишани и бројни посети на клиники ширум Европа, конечно – успех.

Идната мајка, на безмалку 61 година и идниот татко, на 70 години, го дочекаа моментот за кој сонуваа со децении. Момент што за многумина изгледа невозможен, а за нас – уште една потврда дека кога знаењето, искуството и срцето се заедно, чудата навистина се случуваат.

Под водство на Д-р Стојан Органџиски, заедно со Д-р Верица Органџиска и посветениот ембриолошки тим Емилија Миовска и Анѓела Мицова, беше постигнат резултат што ја надминува медицината – резултат што допира до човечката душа.

Од срце се радуваме со идните родители и им посакуваме мирна, успешна и благословена бременост, исполнета со надеж, радост и љубов.

Да ве потсетиме – највозрасната пациентка која забременила и родила здраво машко дете на 60 години, токму во Болницата „Д-р Органџиски“, е уште еден силен доказ дека границите постојат само додека не ги поместиме.

Болница „Д-р Органџиски“ – место каде ин витро медицината се среќава со човечноста, а чудата се случуваат благодарение на знаење, искуство и бескрајна посветеност“.

Објавата погледнете ја ТУКА.

61-godishna-pacientka-ostana-bremena-so-in-vitro-vo-bolnica-vo-shtip-tatkoto-ima-70-godini-002_2.jpg

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Позитива на денот: Маж доби срце од донор на скопска Клиника - од 2021-ва бил на листата за транспла... „Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи....
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава