Дипломирање на првата генерација студенти на Њу Менс Бизнис Акцелераторот и старт на новата генерација со гостин во областа на иновации и претприемништо од светски ранг

По повод отпочнувањето на Cloud Академиите на NewMan's Бизнис Акцелераторот 2015/16 на 20 октомври 2015 (вторник) во Синеплекс (City Mall) со почеток од 12:30 часот  се одржa свечено отварање на академијата и обраќање на еден од најеминентните лица во светското претприемништво, Гери Вајтхил.

diplomiranje-na-prvata-generacija-studenti-na-newman-s-biznis-akceleratot-i-start-na-novata-generacija-so-gostin-vo-oblasta-na-inovacii-i-pretpriemnistvo-od-svetski-rang-01.jpg

Во рамки на настанот поздравно обраќање имаше  Ирена Чаушевска, основач и генерален менаџер на NewMan's Бизнис Акцелераторот, која во својот говор истакна “Живееме во регион каде најголем дел на институциите се создадени во друга ера – креирани да ја загушат страста за учење на нови работи и храброста за превземање на ризици во име на предвидливоста и функционалноста, но страста и храброста ги водат луѓето да отвараат и прифаќаат нови можности и да учат побрзо за да остварат поголемо влијание во својата област. Нашата мисија е да бидеме катализатор на знаење и акцелератор на влијанието и резултатите од активностите на студентите и претприемачите. Институција на иднината, која ќе ги поттикне и поддржи студентите и претприемачите да постигнат многу повеќе од она што некогаш помислиле дека е возможно. ”

diplomiranje-na-prvata-generacija-studenti-na-newman-s-biznis-akceleratot-i-start-na-novata-generacija-so-gostin-vo-oblasta-na-inovacii-i-pretpriemnistvo-od-svetski-rang-02.jpg

Главниот гостин говорник е  Гери Вајтхил, сериски претприемач од САД со уникатен ментален склоп кој малкумина го поседуваат и кој живее со паролата "Stop at nothing achieve everything". Во сите ситуации поттикнува на иновативен пристап и таканаречен Brain hacking како би ги надминал препреките.  Гери Вајтхил е основач на “Entrepreneur Week” - втор најголем претприемачки настан во светот и е консултат на повеќе Fortune 100 компании, инкубатори, акцелератори и претприемачи низ светот во областа на претприемништвото. Основач е на Relentless Фондацијата која се залага за вклучување на Претприемништво како задолжителен предмет во средните училишта.

Г-дин Вајтхил во својата презентација потенцираше: “Претприемништвото е фундаменталната основа за економска стабилност. Доколку погледнете одблиску ќе забележите дека претприемачите и стартапите овозможуваат да се случат и додаваат вредност на повеќе животни аспекти: работа, иновација, инспирација... листата е бесконечна. Но, ако имате чуство дека треба да ги реализирате работите брзо, застанете и размислете, тоа е вашето его кое што ви кажува дека не сте спремни, не избрзувајте во одлуките, поради тоа што за нешто да се случи потребно е време.”

Гери Вајтхил на својата презентација заокружи 11 клучни работи, низ кои, според него, еден човек треба да се води во животот за да достигне успех и како тој што вели, да го “ хакне животот”. Зборуваше како да се достигне пресекот за исполнување на своите цели и соништа преку најдобро искористување на ресурсите од било кој сегмент од нашиот живот, за да создадеме иднина каква што ја замислуваме.

diplomiranje-na-prvata-generacija-studenti-na-newman-s-biznis-akceleratot-i-start-na-novata-generacija-so-gostin-vo-oblasta-na-inovacii-i-pretpriemnistvo-od-svetski-rang-04.jpg

За време на самиот настан обраќање имаше и студент од првата генерација на акцелераторот, Бојан Андоновски, студент на академијата за 3Д Моделирање, Анимација и Визуелни Ефекти: ”Искуството и знаењето кое што го стекнав на академијата ми помогна да се специјализирам во она што го учам и што моментално го работам. Самата програма која што ја следевме беше уникатна и сеопфатна, беше организирана на високо ниво, а со колегите од академијата сега сме колеги и на работа, во компанијата Fx3x и одлично функционираме и се надополнуваме.”

Веднаш потоа беа доделени дипломите на сите завршени студенти на првата генерација од Клауд академијата на акцелераторот, а генералниот менаџер Ирена Чаушевска и водечките ментори од академиите им честитаа на успешно завршената програма и воедно ја поздравија и им посакаа успешен старт на новата генерација која што започнува од Октомври.

diplomiranje-na-prvata-generacija-studenti-na-newman-s-biznis-akceleratot-i-start-na-novata-generacija-so-gostin-vo-oblasta-na-inovacii-i-pretpriemnistvo-od-svetski-rang-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Светскиот диџеј Стив Аоки во патики од Сатја Грабулоски на Ф1 викендот во Лас Вегас - Патиките наско... Изминатиот викенд во Лас Вегас се одржа претпоследната трка од годинашниот Ф1 ша...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Ивана од Прилеп со хит листа: „Кои се најсмешните прашања што му ги поставив на ChatGPT во 2025-та?“ „Дај ми идеја да направам јадење, ама да не делува како да не знам да готвам...“...
Есенски украсени дрвени куќички во Крушево се како сцена од бајка (фото) Украсени со сијалички, со черги, тикви, суво цвеќе и со соодветно место за оган ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Бурни реакции на Твитер за случајот во Ѓорче: „Знаат ли родителите што деца растат дома?“ „Мобилен телефон на секој основец? Па и социјални мрежи за споделување на гадост...

Најчитани неделава