Ивана од Прилеп со хит листа: „Кои се најсмешните прашања што му ги поставив на ChatGPT во 2025-та?“
- Детали
- понеделник, 29 декември 2025
„Дај ми идеја да направам јадење, ама да не делува како да не знам да готвам...?“ и уште 6 хит прашања кои Ивана Ѓорѓиоска (34) од Прилеп му ги поставила на ChatGPT во 2025-та. Која е вашата листа?

Ивана Ѓорѓиоска (34) од Прилеп е мајка на две дечиња, која на Инстаграм има 11.000 следбеници, со кои отворено зборува за сите тешки мигови во животот, но сепак најмногу внимание привлекува со својата одлична смисла за хумор и креативни идеи.

Па, така беше и овојпат кога Ивана се сети да го праша ChatGPT кои се најсмешните прашања што му ги поставила во 2025-та година.

Таа извесен период беше домаќинка, а сега е вработена, но сепак фокусот ѝ останува на домаќинството и децата, барем судејќи според она што ја „мачи“ и за кое се консултира со ChatGPT.

Ивана за CRNOBELO.com вели: „Со вакви прашања… искрено, очекував чудни одговори од ChatGPT. А добивав само решенија“.
Еве ја листата на мои најсмешни прашања, според ChatGPT:
„Дај ми идеја да направам јадење, ама да не делува како да не знам да готвам...?“
„Сакам брза диета, ама сакам и брза храна. Можеби може да комбинирам од двете, а да имам ефект со слабеење?“
„Како да ја исчистам куќата побрзо и полесно, а да не се изморам и да не брзам?“

„Како да ја научам ќерка ми да учи сама… Ама да не мисли дека ја казнувам и да не плачеме двете?“
„Дај ми здрав појадок за на работа. Ама да не е сув, да не е без вкус и да не бара будење во 5 наутро?“