Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Иновативноста на „НЛБ Нов пензиски фонд“ му донесе престижно европско признание

Македонската компанија „НЛБ Нов пензиски фонд“ неодамна ја доби наградата „Best Sovereign Reserve Fund in Europe for 2015“ од страна на угледниот финансиски магазин „ИПЕ – Инвестиции и пензии во Европа“.

inovativnosta-na-nlb-nov-penziski-fond-mu-donese-prestizno-evropsko-priznanie-01.jpg

- Наградата е уште една потврда за успешната работа на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, како и на НЛБ Групацијата, но истовремено е и признание за Македонија за успешното функционирање на целокупниот систем на капиталното финансирано пензиско осигурување. Имено, ИПЕ втора година по ред го препознава квалитетот на нашата работа и посветеност и ни доделува престижна награда во конкуренција на фондови со поголема традиција и далеку повеќе средства под управување, факт кој неможе да не остави рамнодушни и ни дава уште поголем елан за продолжување на успешната работа.  – велат од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. 

Според „ИПЕ“, „НЛБ Нов пензиски фонд“ ги исполнува критериумите за оваа награда поради неговиот задолжителен карактер, но најмногу поради неговата улога во реформираниот пензиски систем во Македонија. Образложувајќи ја наградата, жирито на „ИПЕ“ го оцени „НЛБ Нов пензиски фонд“ како фонд со иновативна и комплексна инвестициска стратегија која е во функција на остварување на неговите цели.

Како особено позитивни страни во работењето жирито ги истакна управувањето со ризиците, фокусот на долгорочните перспективи на компаниите во кои се инвестираат средствата, како и развојот на човечкиот капитал кој e клучен во управувањето со пензискиот фонд.  

Со оваа награда продолжува успешната приказна на Пензиското друштво кога станува збор за меѓународни признанија. Лани „НЛБ Нов пензиски фонд“ беше прогласен за најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа од страна на угледниот финансиски магазин „ИПЕ – Инвестиции и пензии во Европа“.

Би можело да ве интересира:

Проф. д-р Јанкулоски: „ФВМ постојано ги следи светските трендови, а новите студенти пројавуваат најг... Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје постојано ги следи светските трендов...
Летното сметање на времето почнува викендов - Ќе спиеме еден час помалку во недела Летното сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од март, а...
Нина Ред за патувањето во Дубаи: „Во некои ресторани треба да потрошиш најмалку 130 евра, Бурџ Халиф... „За tax free (поврат на данок) не им треба фискална сметка - те имаат во систем ...
Уникатно запросување на Канео во Охрид – прстенот стигна со дрон (фото+видео) „Сакав да биде нешто поразлично, но имавме интересна, а и по малку стресна ситуа...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Прилепчанец ја запроси саканата на Зимзоленд во Скопје: „Ми требаше време да кажам ДА, не ми се веру... „Дадовме отказ од работните места во Прилеп и само што се преселивме во Скопје о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg