Експеримент во Градски парк: „Јас сум ХИВ позитивен“ (видео)

Поради стравот од предрасуди, во Македонија ниту едно лице со ХИВ не го споделува јавно својот статус.

eksperiment-vo-gradski-park-jas-sum-hiv-pozitiven-video-001.jpg

Здружението за поддршка на лица со ХИВ - ЗАЕДНО ПОСИЛНИ одлучи да истражи колку од овој страв е основан. Не преку формално истражување, туку преку метода која би била видлива за целата јавност – социјален експеримент.

Ги ставивме луѓето во Градски Парк во ситуација во која мислат дека имаат физички контакт со лице со ХИВ – млад дечко кој послужува кафе носеше маичка на која стои „Јас сум ХИВ позитивен“.

Уште повеќе, вклучивме и учесничка која глуми дека е дел од редицата која чека кафе и потенцира дека лице со ХИВ служи пијалаци.

Прашањето кое сакавме да го одговориме: Како ќе реагираат учесниците во ваква ситуација?

На наше големо задоволство, учесниците во целост го поддржаа нашиот шанкер и го одбранија од нападите упатени од глумицата, потенцирајќи дека ХИВ не се пренесува така и апелирајќи против предрасуди.

Сите учесници во експериментот се случајни минувачи. 

Би можело да ве интересира:

Аделина го бакнува сопругот, Миро го гали стомакот на саканата – Познатите Македонци во вљубено изда... Аделина Тахири периодов сподели фотки од неколку забави на кои го држи сопругот ...
Романтично запросување на сестрата на Македонецот, победник во „Ѕвездите на Гранд“ - Сандра кажа „ДА... Македонецот Никола Станишиќ е победник во „Ѕвездите на Гранд“ 2025, а сега има у...
Игор Божиновски именуван за почесен конзул на Австрија во Македонија Вредностите, истрајноста и посветеноста наоѓаат признание.  Вредностите,...
Фифи Јаневска го покажа деколтето во бикини - се спрема за плажа на Малта, по снимањето песна во Мак... „Подготовки за море“, напиша таа и позираше во златни бикини. Нашата трансродна ...
Жарко Димитриоски очекува второ дете - сопругата го покажа трудничкото стомаче, ќеркичката ги слика „На ќерка ми ќе можам да ѝ кажувам: ‘Кога излезе на светот, тато прв те зеде -&n...
Адријан Гаџа објави први фотки со девојката, наскоро ќе стане татко Адријан не го откри нејзиниот идентитет, но пријателите, следбениците и многу ја...

Најчитани неделава