Хуманитарна аукција за Сашка Робев

Утре во Дом на АРМ, во 20 часот ќе биде отворена хуманитарна аукција, од која средствата ќе бидат наменети за лекување на Александра – Сашка Робев, која боледува од Adenocarcinoma pancreatic или малигна неоплазма на панкреасот.

humanitarna-aukcija-za-saska-robev.jpg

Аукцијата ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а е поддржана од Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, винарија „Темов“ и Европски универзитет.

Уметничките дела од еминентни македонски уметници ќе бидат изложени за посетителите и наддавањето за нив ќе биде во износ од 600 денари, од почетната цена за секое дело. Собраните средства од продадените уметнички дела – слики, графики, цртежи и скулптури, ќе бидат наменети за понатамошното лекување на Робев.

Сашка, сопруга и мајка на две деца, е ликовен уметник кој долги години работи како графички дизајнер. По констатирањето на нејзината болест, извршени се бројни третмани по кои е утврдено дека е потребен посебен третман за пациенти заболени од канцер во клиника во Берлин кој треба да ја подобри нејзината здравствена состојба.

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Турчин пронајде утеха во Охрид по разорниот земјотрес во родниот крај: „Ми се сруши зградата, ми заг... „Мојот роден крај беше целосно разурнат во земјотресите во февруари 2023-та. Нај...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Славчо Попоски, метеоролог: „Цела недела температури до 38˚C поради нов топлотен бран“ „Засега нема најава за поголем влажен бран кој би ја прекинал сушата, освен мала...
Ќерката на актерот Јаков Спасов наполни 1 година - Тематска забава во коњички клуб, каубои и торта с... Најинтересно беше тоа што децата дојдени на роденденот имаа можност да јаваат на...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...

Најчитани неделава