Златна Бубамара на популарноста 19-то, тик-так, тик-так издание: Да се собереме пред да нè соберат!

Тик – так , Тик – так , ја најувуваме најпопуларната и најпосакувана манифестација создадена во нашата: лепена, сечена и демонтирана демократска држава - “ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“  во специјалното 19-то издание под мотото:

zlatna-bubamara-na-popularnosta-19-to-tik-tak-tik-tak-izdanie-da-se-sobereme-pred-da-ne-soberat-1.jpg

ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ! во Metro POLICE - Арена

Во третата недела од февруари, традиционално, по 19-ти пат ќе се оддржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и Екс Југословенските простори.

Наградите ќе бидат доделени по список и редослед кој е прочистен и потврден од музичко забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на оддложената ТВ снимка со среќни ПИМ мерки.

Добрата забава и хумор се потреба во секое нормално хумано опшество и тоа барем еден ден во годината, а додека го чекаме тој убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее „Ново сонце на слободата“.

zlatna-bubamara-na-popularnosta-19-to-tik-tak-tik-tak-izdanie-da-se-sobereme-pred-da-ne-soberat-2.jpg

Режисерот и организаторот на оваа култна манифестација Ранко Петровиќ како и секогаш сценариото го крие во тајност и најавува дека овој голем празничен медиумски настан, повторно ќе биде во знакот на високо интелигентна сатира, пристоен хумор, добра музика и аплаузи за најголемите македонски и балкански уметници.

zlatna-bubamara-na-popularnosta-19-to-tik-tak-tik-tak-izdanie-da-se-sobereme-pred-da-ne-soberat-3.jpg

Датумот сè уште не е прецизиран, првиот можен весел датум за оддржување е 18-ти февруари оваа година.

Ако сакате да се насмеете и кога не ви е до смеење, бидете со нас и во ова специјално издание.

zlatna-bubamara-na-popularnosta-19-to-tik-tak-tik-tak-izdanie-da-se-sobereme-pred-da-ne-soberat-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Носталгија за Тоше Проески: „Ах, Тошка наш да се родеше во Лондон или Њујорк, ќе зборувавме за Греми... „Сите ги знаеме неговите албуми, но дали знаевте за фактот дека во периодот од 1...
Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Вистински другар! Перо Антиќ го одведе синот на Панчо на полуматура: „Среќно, лепотану“ Андреја, постариот син на Панчо, вчера славеше полуматура, а на прославата ...
Раскинаа Александар Динев и Евче, се огласија со заедничка објава: „Веќе 4 месеци не сме заедно“ Во стилот на светските ѕвезди, кои преку јавни заеднички објави откриваат дека р...
Ивана Кнез револтирана од коментари за тетовирани жени: „Според просечниот македонски мажјак таа е г... „Наместо тој мажјак да си поработи на сопствените тригери, трауми и неизлечени б...
Викторија Јаначковиќ: „Жените денес, за жал, сакаат да покажат дека се големи 'џекови'“ „Жени кои немале лошо искуство, кои биле сакани од посилниот пол, немаат потреба...

Најчитани неделава