Покажи ги своите дизајнерски и програмерски вештини и креирај своја блог платформа!

Задоволство ни е да го претставиме третото издание на Code App, Level Up, организирано од ЕЕСТЕК ЛК Скопје!

pokazi-gi-svoite-dizajnerski-i-programerski-vestini-i-kreiran-svoja-blog-platforma-01.jpg

Во периодот од 29.02 - 05.03.2016 година, 68 домашни и 12 странски студенти ќе имаат можност да учествуваат на еднонеделна работилница за развој на веб сервиси.

Во текот на работилницата, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и навлезат во светот на дизајнот и развојот на веб сервисите. Стекнатото знаење на динамичните предавања, тие ќе имаат можност да го применат практично.

Работилницата е со натпреварувачки карактер и тимовите своите платформи ќе имаат можност да ги претстават на финалниот натпревар.

Поддржани од Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на предавања под менторство на професори од факултетот како и други искусни предавачи од светот на оваа IT гранка.

Обуките кои ги нуди оваа работилница се:

- Дизајн на веб сервис (front-end) -Студентите на предавањата ќе се запознаат со трендовите во front-end делот. За време на работилницата ќе учествуваат во изработка на дизајнот на блог платформата.

- Развој на веб сервис (back-end) - Во овој дел, студентите ќе слушаат предавања поврзани со најовите технологии за развој на веб сервиси. За време на работилниците ќе работат на развивање на своја блог платформа, во технологиите Java, .Net или PHP.


Зошто да бидам дел од оваа работилница?

За време на интернационалната работилница нашите студентите ќе имаат можност да разменат мислења и знаења со студенти од други европски држави, како и сето знаење да го преточат во реални проекти .

Тимовите ќе бидат составени од пет члена, од кои двајца ќе го работат делот за дизајн, а тројца делот за развој на блог платформата.


Каде да се пријавам?

Работилницата е бесплатна, а линкот за пријавување може да го најдете тука.

Би можело да ве интересира:

Стојна Костовска е згодна и на 72 години - игра и пее во двор во хеланки до сопругот, по 47 години б... Стојна Костовска е самоуверена убавица и игра и пее покрај сопругот за кого во 2...
Златко Јовановски прослави 30 роденден со впечатлива фризура и палто со кристали - од сестра му доби... „Да не сме ние лавовите, овој свет би бил џунгла. Некој мора да биде храбар, плу...
Миро Кацаров не слави Валентајн, Ивона Јо добила мистериозна љубовна порака - Што им значи 14 февруа... „Уф, од романтични моменти за Валентајн, само Св. Трифун го паметам, ха, ха“, ве...
Шест месеци по трагедијата во Кочани, Ана Костадиновска неутешна: „Си беше еднаш“ Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која преживеа силна траума на кобна...
Миа Костова направи липосукција на стомакот: „Бев будна во текот на операцијата, ме чинеше околу 1.5... „Бременост, царски, 35 кила плус“ - напиша Миа која направи операција за отстран...
Игор Џамбазов и Ива Спасовска на ручек во Дојран, Пaвле Камилоски со сестрите на јахта: Што прават н... Aктерот Никола Ристески со саканата, Едина Муса го покажа тенкиот струк по пород...

Најчитани неделава