Миа Костова направи липосукција на стомакот: „Бев будна во текот на операцијата, ме чинеше околу 1.500€“

„Бременост, царски, 35 кила плус“ - напиша Миа која направи операција за отстранување вишок кожа и отстранување масно ткиво, па покажа како кожа ѝ виси околу стомакот и покрај тоа што вежба и многу внимава на исхраната.

mia-kostova-napravi-liposukcija-na-stomakot-bev-budna-vo-tekot-na-operacijata-me-chineshe-okolu-1500-01.jpg

Миа Костова на почетокот на викендот на Инстаграм објави фотографии од болница и ги загрижи своите следбеници, но откако си дојде дома откри дека била неколку дена на Клиниката за пластична хирургија, каде што правела липосукција на долниот дел од стомакот и отстранување на вишокот кожа.

mia-kostova-napravi-liposukcija-na-stomakot-bev-budna-vo-tekot-na-operacijata-me-chineshe-okolu-1500-21.jpg

Уште пред да оди на операција, Миа откри дека целата нејзина мака со броење калории при исхраната и вежбањето даваат резултати, но дека вишокот кожа на стомакот е тука и затоа сака да го отстрани.

Па, кога си дојде дома, таа им даде можност на своите фанови да ја прашаат што сакаат и одговараше на нивните бројни прашања.

mia-kostova-napravi-liposukcija-na-stomakot-bev-budna-vo-tekot-na-operacijata-me-chineshe-okolu-1500-24.jpg

А првото прашање за неа беше: „Што се случи?“

„Ништо не се случи, приказната почна со вадење стара тетоважа која беше полна со стрии од бременост, заврши со мини абдоменопластика и липосукција на стомак“ - напиша таа и откри дека имала околу 64-65kg кога го направила зафатот, а нејзина идеална тежина е меѓу 60 и 65kg.

mia-kostova-napravi-liposukcija-na-stomakot-bev-budna-vo-tekot-na-operacijata-me-chineshe-okolu-1500-03.jpg

Миа откри и дека била будна во текот на операцијата, односно дека имала локална, а не општа анестезија, и тоа поради претходно лошо искуство.

„На мое барање се работеше со локална анестезија. Во тие два часа бев будна, како и да звучи тоа, и знам дека е лудо и дека многу ретко кој може тоа да го поднесе и прифати.

Си благо зашеметен, но имав комуникација со сите во сала, прашував што се случува.

Јас не сум ви репер, мене ако ме прашувате, да си спиете.

Инаку, од општа анестезија ми е многу лошо, повраќам и не сум добра 3-4 дена. Вака, си бев океј за 2 саата“.

mia-kostova-napravi-liposukcija-na-stomakot-bev-budna-vo-tekot-na-operacijata-me-chineshe-okolu-1500-14.jpg

„Дали со операцијата се тргаат стриите, освен што кожата се затегнува?“ - ја прашаа.

„Зависи каде се, колку се и како се позиционирани. Кај мене се тргнаа дел кои беа над царскиот, затоа што вадат цело парче кожа на која, ако има стрии, си одат секако.

Некои остануваат како на сликава. Мене не ми пречеле никогаш“ - вели Миа.

mia-kostova-napravi-liposukcija-na-stomakot-bev-budna-vo-tekot-na-operacijata-me-chineshe-okolu-1500-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...

Најчитани неделава