Шест месеци по трагедијата во Кочани, Ана Костадиновска неутешна: „Си беше еднаш“
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која преживеа силна траума на кобната ноќ во Кочани, преку фотографии се потсети на убавите времиња со Панчо, Сара, Андреј, Буцо и останатите членови на бендот.

Шест месеци непребол и тага, шест месеци по страшната ноќ во Кочани, кога од пожарот во дискотеката Пулс загинаа 62 ангели.
Болката не поминува, а споменот на нив останува да живее преку роднините и пријателите, кои постојано ги споменуваат нивните имиња и споделуваат нивни фотографии.

Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот на ДНК, која преживеа силна траума на кобната ноќ на 16 март, преку серија фотографии на својот Инстаграм се потсети на убавите времиња со Панчо, но и со Сара, Андреј, Буцо и останатите членови на бендот кои го загубија животот.
„Си беше еднаш“, напиша таа, а пријателите во коментари ѝ напишаа дека и понатаму нема утеха по трагедијата.

Погледнете ги фотографиите:









А. Ј. | Црнобело