Животниот век во Македонија значително е зголемен во однос на минатото

Македонските жени живеат подолго од мажите или во просек 77,25 години.

zivotniot-vek-vo-makedonija-znacitelno-zgolemen-vo-odnos-na-minatoto-001.jpg

Вечниот живот и бесмртноста отсекогаш го инспирирале човекот да се стреми да ги достигне преку медицината и науката. Модерното општество како никогаш до сега ја негува страста да постигне што подолготраен и повитален живот. Ваквите напори вродуваат со плод, па човечкиот живот од година во година се зголемува и добива на квалитет. На тој начин се менува и поместува перцепцијата за тоа кога настапува староста и доколку во минатото на неа се гледаше како на период од животот кога луѓето влегуваат во помирно пензионерско доба, денес таа се доживува се почесто како можност за остварување на многу замислени планови и соништа за кои додека сме биле во работен однос поради недостаток на време и премногу обврски не сме биле во можност да ги реализираме. Полетноста и еланот повеќе не се само карактеристичниза помладите, тие може да бидат присутни и во позрелото доба. Затоа вреди човек да размислува за својата иднина и животот кој го очекува во пензија.  Доколку направите план, пензионерските денови можат да бидат и најдобриот период од вашиот живот.

Истражувањата направени во 2015 година од страна на американската агенција ЦИА (Central Intelligence Аgency), покажуваат дека борбата за продолжување на човечкиот живот ја добива својата битка како во Европа така и во балканските земји.


Колку долго живее просечниот балканец

Според овие истражувања се чини дека просечниот животен век на граѓаните во Македонија од година во година се зголемува и таа бројка денес изнесува 75,6 години. Па така од 223 земји кои се наоѓаат на листата, Македонија е позиционирана на 90-то место. Луѓето ширум светот истата година во просек живееле до 71,5 година додека, во 1990 година очекуваниот животен век бил 65,3 години.

Од регионот, најдобро стои Грција која се наоѓа на 31-то место и каде во просек се живее по 80 години. На 60-то и 61-то место се наоѓаат Албанија и Словенија, со просечен животен век од 77,7 години. Хрватска е пред нас на 81-то место, со просечна должина на животот од 76,2 години, а исто толку живеат и граѓаните на БиХ која се најде на 86-та позиција. Србија е зад нас, и е позиционирана на 103-то место со просечен животен век од 74,8 години. Бугарија е на 114-та позиција, а Бугарите во просек живеат по 74 години.

Интересно е што во Македонија жените живеат подолго од мажите, во просек 76,9 години.


Старите римјани живееле од 22 до 25 години

Глобално, животниот век пораснал за 5,8 години кај мажите и 6,6 години кај жените во период од 1990 и 2015 година. Ваквото зголемување на животниот век и намалување на бројот лица починати од карцином (за 15 проценти помалку) и кардиоваскуларни болести (за 22 проценти помалку) се должи на повисокиот животен стандард. Во регионите со понизок животен стандард,  порастот на животниот век се припишува на намалениот број на починати од дијареа, инфекции на дишните патишта и неонатални пореметувања.

Продолжувањето на животниот век зависи и од голем број други фактори како што се подобрувањата во јавното здравство, исхраната и медицината. Вакцините и антибиотиците во голема мера ја имаат намалено смртноста кај децата. Здравјето и безбедноста на работното место се зголемени, а и бројот на пушачите е значително намален.

Колку за споредба колкав бил просечниот животен век во минатото, ќе наведеме дека за време на Римската империја, животниот век на римјаните бил од 22 до 25 години. Во 1900 година, во светот, просечниот животен век траел 30 години, додека, во 1985 година е зголемен на 62 години, само пет години помалку од денешната старосна граница.

Се претпоставува дека животниот век кај луѓето кои живеат во развиените земји, со текот на времето постепено ќе се зголемува, се додека не ја достигне старосната граница од средни осумдесети. Во тој контекст, како детето ќе ја достигне својата прва година, така неговите шанси за подолг живот се зголемуваат, а со достигнување на својата зрелост, шансите за длабока старост се навистина големи.


*Под просек се подразбира очекувано траење на животот при раѓање за жена.

*Извор: Таблици на морталитет за период 2012-2014. Државен завод за статистика.

Би можело да ве интересира:

20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Американец што го обожава Балканот дојде во Скопје и пееше песна од Тоше: „Ако сте од Македонија, ов... Браво! Американецот Џастис Рид, кој во 2022-ра ја испеа „Црно и бело“ од Калиопи...
„Принцу мал“ - Бебе родено на Клиниката за гинекологија во Скопје со 900g, си оди дома по 66 дена со... „Семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок. Принцот роден 900 гра...
Свадба на пар од Франција во локал со спектакуларен поглед кон Охридското Езеро (фото) Пар од Франција одлучи романтичниот Охрид да биде нивна дестинација за свадба, с...
Македонски музички ѕвезди кои пееја на „Златно славејче“ - Ги помните ли нивните песни? Калиопи, Тоше, Ноне, Симон Трпчески, Васил Гарванлиев и уште многу познати музич...
Македонците се меѓу најнеинтелигентните луѓе во Европа - Објавена ранг листата според висината на IQ Македонија е на 106-то од 197 земји во светот според IQ. Само Албанија од соседн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg