Stone Bridge Suites – хотелски третман во домашен амбиент

Задоволство кое ќе чини само 50 евра дневно, промотивно до 1 септември 2016.

stone-bridge-suites-hotelski-tretman-vo-domasen-ambient-01.jpg

Stone Bridge Suites официјално ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелијерство во Скопје. Во склоп на современиот бизнис и резиденцијален комплекс CAPITOL Mall & Residence во срцето на Општина Аеродром во Скопје, се отворија 23 луксузно опремени апартмани наменети за бизнис и семејни посетители на градот. Промотивно, во периодот од  1 јуни до 1 септември 2016, задоволството да се престојува во еден таков ексклузивен апартман ќе чини само 50 евра дневно.

Stone Bridge Suites се апартмани каде гостите уживаат беспрекорна услуга на луксузен хотел, а ја чувствуваат посакуваната приватност како во својот дом. Замислен е таков модел на угостителство и домување кој им овозможува на гостите безгрижен престој во просторен и целосно опремен апартман кој може да се резервира и за повеќемесечен престој по прифатлива цена.

Апартманите се во локациска предност од секој можен аспект што овозможува брз и лесен пристап до скопскиот аеродром и деловниот центар на градот, а како составен дел на CAPITOL MALL и достапност на сите атрактивни содржини на еден современ трговски центар. Ексклузивни бутици, козметички и фризерски салон, ресторани и кафулиња , куглана, детска игротека и фитнес центар, се само дел од можностите кои на гостите на Stone Bridge Suites им се на прагот.

stone-bridge-suites-hotelski-tretman-vo-domasen-ambient-1.jpg

Гостите на Stone Bridge Suites ќе уживаат услуги на 24 часовна рецепција, обезбедување, користење на фитнес центар  и бесплатен  паркинг, а влезот во паркингот до апартманите е преку приватен лифт.

Секој од Stone Bridge Suites апартманите се простира на 72м2 модерно уреден простор, целосно опремен со функционален мебел. Исполнети со природна дневна светлина и стилски избор на комфорен мебел, апартманите овозможуваат поинакво угостителско искуство во градот.

Stone Bridge Suites апартманите  имаат комплетно опремена кујна подготвена да одговори на кулинарските потреби на гостите, кои уживаат во приготвувањето на храна за себе и своите блиски. Спална соба опремена со пространи кревети со софистициран, анти-алергиски душек. Бања со сите неопходности за приватниот престој на гостите и нивните семејства. Елегантен дневен престој, со пространа гарнитура, ЛЕД ТВ приемник со голем избор на сателитски програми и панорамски поглед кон градот и околните планини. 

stone-bridge-suites-hotelski-tretman-vo-domasen-ambient-2.jpg

Stone Bridge Suites претставуваат круна на успешната долгогодишна приказна на професионалниот тим кој стои зад луксузниот хотел Stone Bridge во центарот на градот. Искуството на тимот во угостителските дејности придонесе да се создаде поинаков модел на хотелијерство и сместување кој одговара на потребите на гостите, чии приоритет е да добијат хотелски третман во домашен амбиент.

stone-bridge-suites-hotelski-tretman-vo-domasen-ambient-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава