Coca-Cola и Пивара Скопје подаруваат активни зони наменети за сите граѓани

Општина Гази Баба денес беше домаќин на отворањето на првата Coca-Cola aктивна зона во Македонија. На просторот веднаш до Спортската Сала „Автокоманда“, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Гази Баба ја пуштија во употреба првата Coca-Cola aктивна зона во Скопје. Отворањето на првата активна зона го  означува почетокот на долгорочниот проект  „Coca-Cola активни зони“ кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава.

coca-cola-i-pivara-skopje-podaruvaat-aktivni-zoni-nameneti-za-site-gragjani-05.jpg

Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.

Основната цел на проектот е создавање здрави животни навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.  Проектот е дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот на

Coca-Cola и е одлична комбинација на спорт, забава и дружење.

„Во изминативе години Пивара Скопје заедно со Coca-Cola реализираше низа успешни проекти промовирајќи го спортот и редовната физичка активност. Со цел да ја продолжиме оваа мисија, заедно со Coca-Cola компанијата, поддржани од локалната самоуправа и организацијата ‘‘Отворени забавни фудбалски школи‘‘ го започнуваме проектот ‘‘Coca-Cola активни зони‘‘. После неколку месеци подготовки, денес се наоѓаме на отворањето на првата активна зона во нашата матична Општина Гази Баба. Ова е проект кој го работиме со поддршка од 5 општини кој на крајот ќе резултира со целосно опремени 5 активни зони. Но, не застануваме тука. Активните зони ќе прераснат во традиција и во наредниве неколку години ќе ги има низ целата земја. Создавањето здрави животни навики кај сите генерации е клучно за секое општество и ние во Пивара Скопје секогаш ќе останеме посветени на нашата мисија за промовирање активен животен стил.‘‘, изјави г-дин Јован Радосављевиќ, Генерален Директор на Пивара Скопје АД.

coca-cola-i-pivara-skopje-podaruvaat-aktivni-zoni-nameneti-za-site-gragjani-01.jpg

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено. Покрај Општина Гази Баба, планирано е во текот на летово да се постават активни зони и во Струмица, Прилеп, Тетово и Охрид.

“Соработката на нашата Општина со Пивара Скопје и Coca-Cola Компанијата е долгогодишна, па така, партнерството за овој проект дојде природно. Затоа и токму тука го бележиме почетокот на проектот, кој за сите нас е од големо значење бидејќи е наменет и достапен за сите граѓани и затоа што промовира активен живот.“, изјави г-дин Тони Трајковски, Градоначалник на Општина Гази Баба.

Активните Зони ќе бидат отворени 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории на граѓани кои имаат желба за рекреација и спортување, без никаков надомест.

coca-cola-i-pivara-skopje-podaruvaat-aktivni-zoni-nameneti-za-site-gragjani-02.jpg

coca-cola-i-pivara-skopje-podaruvaat-aktivni-zoni-nameneti-za-site-gragjani-03.jpg

coca-cola-i-pivara-skopje-podaruvaat-aktivni-zoni-nameneti-za-site-gragjani-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...

Најчитани неделава