Душан Дракалски стана дел од “Куќата на славните“ на Голден Драм

23-тото издание на Голден Драм е горд и почестен да го претстави најновиот член на Куќата на славните Душан Дракалски кој е еден од најсветлите ѕвезди на балканската креативност.

dusan-drakulski-stana-del-od-kukata-na-slavnite-na-golden-dram-1.jpg

Тој се смета за еден од најкреативните и најискусните специјалисти за комуникација на Балканот, кој успеа да создаде наградувани и незаборавни кампањи во овој крајно предизвикувачки регионот, со помош на кои дојде до најпрестижните награди како што се: Titanium Lion на 60-иот Кански фестивал за адвертајзинг. Во текот на неговата кариера тој отсекогаш се залагал  за екстремно високи стандарди во својата работа и верува дека страста мора да постои во рамките на секое дело. Работата на Душан беше препознаена на Канскиот фестивал, Eurobest, фестивалите во Њујорк, Epica, Голден Драм, Меѓународниот фестивал за адвертајзинг во Москва и многу други регионални фестивали.

Својата кариера ја започнал во 1997 во S Team Bates Saatchi&Saatchi а потоа стана дел од New Moment New Ideas Company.

Дракалски со ова вклучување во “Куќата на славните“ на Голден Драм, се приклучува на листата која ја сочинуваат повеќе исклучително ценети имиња на луѓе кои на свој начин ја одбележуваат професијата како: Adrian Boțan, Jure Apih, Farid Chehab, Ivan Chimburov, Michael Conrad, Jan Mariusz Demner,Meta Dobnikar, Ami Hasan, Jiri Mikeš, Juli Nemes, Günseli Ocakoğlu, Milka Pogliani, Ulrich Proeschel,Daniel Ružička, Dragan Sakan, Juraj Vaculik, Vital Verlič, Darek Zatorski и Jarek Ziebinski.

Дракалски ќе биде и овогодишен спикер на Голден Драм каде ќе зборува на темата „Време, Соништа, Планови и неколку скици“/„Time, Dreams, Plans and some Sketches“.

За повеќе информации во врска со фестивалот Голден Драм посетете ја страницата www.goldendrum.com.

Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...

Најчитани неделава