Избрани тројца финалисти во модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист“

izbrani-trojca-finalisti-vo-modniot-predizvik-svrti-nov-list-i-stani-stilist.jpg

Драгана Трпковска, Дарен Тодоров и Марија Атанасова се тројцата финалисти од модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист”, иницијатива на Скопје сити мол во насока на поттикнување на лојалните потрошувачи да бидат похрабри во модниот избор, да ги покажат своите знаења и вештини во модата и секако да бидат наградени.

„Нема прирачник за тоа како да се биде уникатен и автентичен, со слободен дух и приемчивост кон нови стилови, но овие млади луѓе ја разбрале идејата за стајлинг што е адаптабилен на различни возрасти и прилики во текот на денот и покажаа како можат да креираат нови модни искуства со широкиот спектар на стилови во Скопје сити мол, актуелни, забавни и естетски возбудливи модни примероци”  - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје сити мол.

Тројцата финалисти успеаа да се издвојат од над 700 учесници во ова ново модно искуство што нудеше навидум предвидлив избор. Стајлингот предложен од модните стилисти и дизајнери Драган Христов, Катерија Трајановска и Ана Несровска требаше да се надополни со впечатливи модни парчиња што ќе бидат репрезент на денешното време, уличната мода, што ќе го смират или возбудат стајлингот, ќе придонесат кон некаква рамнотежа или хармонија, ќе поддржат некаков бунтовнички и младешки имиџ, но нема да го направат досаден.

Новите предложени модни приказни од тројцата финалисти;

/" target="_blank">Драгана Трпковска
/" target="_blank">Дарен Тодоров и 
/" target="_blank">Марија Атанасова може да се видат во Скопје сити мол, но и на ФБ Фан страната на Скопје сити мол. Тие ја поддржуваат ноншарлантноста, функционалноста и удобноста и се обидуваат да направат некаков исчекор од вообичаените комбинации, користејќи модни парчиња од Пеко, LC Waikiki, My Time, Buzz, LTB и од Конверс, но и презентирајќи ја моќта на базичната облека, во комбинација со впечатливи парчиња што зборуваат за личниот стил, за модната смелост и за изградениот визуелен идентитет на тројцата финалисти.

Сите имаат можност да гласаат за комбинацијата што најмногу им се допаѓа на ФБ Фан страната на Скопје сити мол и да бидат едни од оние што ќе добијат бесплатни билети за концертните настани во Скопје во ноември и во декември, а Casual Stylist-от победник го чекаат стилски награди.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Исповед на Македонка: „Сопругот ми почина кога имав 29 години, имав 2 мали деца, но се изборив како ... „Да ми кажеше некој дека ќе бидам вдовица пред 30-тата, ќе се насмеев. Но, знаеш...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава