Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Марија Атанасова победник во модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист“

Со 3.241 глас и многу позитивни коментари за поддршка, студентката по правни науки и страствен обожавател на модерна и стилска гардероба,  Марија Атанасова од Кочани го освои првото место во модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист”, иницијатива на Скопје сити мол во насока на охрабрување на потрошувачите да си играат со модата и да уживаат во модните содржини на Скопје сити мол.

marija-atanasova-pobednik-vo-modniot-predizvik-svrti-nov-list-i-stani-stilist-1.jpg

„Овој моден предизвик за нас беше одлична забава и убава можност да бидеме блиску до нашите потрошувачи и да ги видиме нивните размислувања во однос на она што за нив е примамливо и атрактивно.  Навивавме и ние, се обложувавме и будно ги следевме бројачите на гласови што беа поставени до куклите. Секој глас за нас беше радост и голема возбуда, исто како на наддавање на берза. И честитам на Марија Атанасова и верувам дека уникатноста на нејзината комбинација го направи своето.  Се надевам дека со неа и во иднина ќе соработуваме и ќе се дружиме“ - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје сити мол.

Да потсетиме; Марија Атанасова беше една од тројцата финалисти што успеаа да се издвојат од над 700 учесници во ова ново модно искуство надополнувајќи го стајлингот предложен од модните стилисти и дизајнери Драган Христов, Катерина Трајановска и Ана Несторовска.

marija-atanasova-pobednik-vo-modniot-predizvik-svrti-nov-list-i-stani-stilist-2.jpg

„Пресреќна сум што потрошувачите и фановите на Скопје сити мол ја препознаа мојата комбинација како стилски комплетна и како моден аранжман за кој вреди да гласаат. Ова беше одлична прилика да се запознаам со тимот на Скопје сити мол, со другите учесници и да направам исчекор вон мојата конфорна зона, односно правните науки, што се мој моментален фокус“ - изјави деветнаесет годишната Марија Атанасова.

Марија со својата комбинација од  впечатливи модни примероци од LC Waikiki, My Time, Buzz, LTB и од Arthur`s, ја потенцираше моќта на базичната облека, во комбинација со впечатливи парчиња што зборуваат за личниот стил, за модната смелост и за изградениот визуелен израз. Таа од денес ќе ужива во наградите што и ги врачија претставници од Скопје сити мол.

marija-atanasova-pobednik-vo-modniot-predizvik-svrti-nov-list-i-stani-stilist-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Ретка снимка од Тоше пред да стане славен - Видео старо околу 30 години е хит на Инстаграм На снимката стара околу 30-тина години, Тоше пее и свири на гитара во родното Кр...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
„Во глуво доба од Кочани, се слушна крик, плач и тага, се молевме сите, Господе, да биде лага“ „В Кочанско негде, кај в слаМа гореа цвета, убија деца! Во глуво доба од Кочани,...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg