Секој може да биде Дедо Мраз во Скопје сити мол

Новогодишните и Божиќните празници се вистинското време да се дарува, без очекување да се добие нешто за возврат, едноставно да се ужива во среќата на другите. Време во кое за кратко може да заборавиме на себе и да најдеме време да им се посветиме на другите. Време во кое ќе тргнеме настрана сè што е помалку важно и ќе им дадеме предност на вистинските вредности.

sekoj-moze-da-bide-dedo-mraz-vo-skopje-siti-mol-2.jpg

Скопје сити мол со организација на донаторската акција Јас Дедо Мраз им овозможува на сите потрошувачи да дадат дел од себе, одвојувајќи само миг од своето време, мал момент на внимание во кое ќе помогнат некому кому навистина му треба помош и поддршка.

Со едноставно кликање „лајк“ на објавата за донации на фејсбук-страницата на Сити мол, потрошувачите можат да дадат свој мал придонес во собирањето на подароци за децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. За сите оние што сакаат да израдуваат некого и да поттикнат позитивни чувства, но не знаат каде и како, немаат време или дополнителни средства, Јас Дедо Мраз е вистинската иницијатива во која секој може да учествува и да придонесе.

Кликнете на Extreme IntimoNina Box или на Anhoch и дарувајте лајк кој нема да ви чини ниту денар, а ќе придонесе многу кон среќата и благосостојбата на дечињата. Оваа хуманитарна акција по иницијатива и во организација на Скопје Сити мол трае веќе трета недела по ред и за секои 250 лајкови секој од брендовите поединечно донираат во име на потрошувачите по еден подарок од својот асортиман.

sekoj-moze-da-bide-dedo-mraz-vo-skopje-siti-mol-1.jpg

„Љубезноста е најлесниот начин да дадете подарок, а за возврат ќе добиете насмевка. Луѓето што примаат љубезност, ја споделуваат љубезноста понатаму.Така кругот на добрината никогаш не се затвора. Затоа ги повикувам сите наши потрошувачи, пријатели и соработници да дадат придонес во оваа убава иницијатива со едноставно притискање на „лајк“. Што повеќе „лајкови“ толку повеќе подароци за Нова година за децата без родители и родителска грижа“ - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити мол.

Пред продавниците на брендовите што учествуваат во акцијата се поставени аналогни фејсбук-бројачи што го евидентираат секој лајк на посетителите на фан-страницата на Сити мол и така секој што донира во реално време може да го забележи својот „придонес“.

Оваа иницијатива трае до 31.12, а во неа учествуваат Европа, Tudors, Sport Vision, Fashion Group, Krsh Toys, Bebe House, Anhoch, Nina box и Extreme Intimo.

Приклучете се во #ЈасДедоМраз и направете ги овие празници убави за другите како што ги креирате за себе.

sekoj-moze-da-bide-dedo-mraz-vo-skopje-siti-mol-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Дедо Киро го прослави својот 91-ви роденден - има 4 синови, бил дел од Титовата гарда Дедо Киро од кривопаланечко служел воен рок во ЈНА, каде што бил дел од Титовата...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава