Смеењето и здравјето рака под рака: 10-годишно партнерство на Бимилк и „Златна Бубамара на популарноста“

Во годината во која „Златна Бубамара на популарноста“ го слави својот голем јубилеј, 20-тото издание, најпопуларната забавна манифестација кај нас и Бимилк обележуваат уште еден мал јубилеј - десетгодишно партнерство. Соработката која овие два големи македонски бренда  ја започнуваат уште во 2007 г. трае до ден-денес и од година на година им овозможува на сите љубители на квалитетната забава и квалитетната исхрана многу моменти за паметење.

smeenjeto-i-zdravjeto-raka-pod-raka-10-godishnoto-partnerstvo-na-bimilk-i-zlatna-bubamara-na-popularnosta-01.jpg

Во изминатите 20 години секое издание на „Златна Бубамара на популарноста“ се раскажува до следното нејзино издание бидејќи станува збор за уникатен музички, хумористичен, културен и забавен настан за кој картите се продаваат за неверојатни 3 минути. Смеењето и доброто расположение го разубавуваат нашето секојдневие, а со правилната исхрана се совршена комбинација за здрав и исполнет живот.

Бимилк со својот познат бренд Баланс+ низ годините го дополнува, го разигрува и го придружува хумористичниот и забавен концепт на „Златна Бубамара на популарноста“. Креативните изненадувања, како интересните награди, загревањето со зумба на сцена, левитирачките столчиња, големите штулари и овогодишните впечатливи насмевкометри се само мал дел од иновативните концепти со кои Бимилк е присутен на „Златната Бубамара“. Големиот број расположени и насмеани посетители низ годините и прераскажувањето на ‘‘бубамарите‘‘ се доказ за успешното 10-годишно партнерство.

Комбинацијата на пријателските бактерии, пробиотиците и пребиотиците кои ги содржи Баланс+ му овозможуваат на организмот полесно апсорбирање на хранливите материи, како и намалување на надуеноста и ублажување на лошото варење кое го предизвикува консумирањето тешка и брза храна.

За совршен активен метаболизам идеална е комбинацијата на Баланс+ и смеењето, бидејќи така не само што го забрзуваме нашиот метаболизам и согоруваме калории, туку и го намалуваме стресот и се чувствуваме поубаво.

Заврши уште една „Златна Бубамара“. Сега со нетрпение очекуваме следната „Златна Бубамара“ заедно со Баланс+ повторно да нè изненадат и да ни овозможат уште една манифестација за која долго ќе се прераскажува.

Би можело да ве интересира:

Габриела Јанческа имала 20kg на една година, а 131kg на 23: „Бубрегот од левата страна ми беше откач... „Родена сум како бебе со нормална тежина, а на 23 години имав повеќе болести од ...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
„Го најдов рајот“ – Илариа Кирилов во Тајланд, позира во танга бикини и потопена во кал со слон Кумановката Илариа Кирилов воодушевена од слоновите, позира додека ги гали и пре...

Најчитани неделава