Tonino Lamborghini - симбол на италијанската кафе-култура

Има нешто во самиот чин на пиење кафе што причинува особено задоволство.  Токму затоалуѓето со векови го негуваат ритуалот на пиење кафе, затоа што овој посебен топол напиток не одвојува за миг од обичноста на секојдневието.

tonino-lamborghini-simbol-na-italijanskata-kafe-kultura-001.jpg

Култот кон кафето што го изградија Италијанците продолжува да живее ширум светот преку квалитетната понуда на еспресо со супериорен вкус, послужено со стил.

tonino-lamborghini-simbol-na-italijanskata-kafe-kultura-002.jpg

Една од најдобрите работи во врска со италијанското кафе е дека, без разлика каде и да сте- во планинско село или на некоја римска пијаца – квалитетот е конзистентен и неспорен. Колку што Италијанците ја сакаат својата порција тестенини al dente, толку повеќе ценат квалитетно еспресо.

Иако првата асоцијација за Италија ни е пица, паста и престижни автомобили, семејството Ламброџини се погрижи светот да не заборави кој прави и послужува најдобро кафе. Идејата потекнува од синот на Феруџио, Тонино Ламборџини кој сакајќи да ја прошири визијата и мисијата на неговото семејство, како и да ја пренесе италијанската традиција ширум светот, започнал со производство на премиум кафе и други напитоци. Кафето покрај автомобилите преставува симбол на италијанската култура и традиција па оттука и самата идеја за производство на кафе со автентичен квалитет и дизајн со познатото лого на фамилијата Ламборџини - “бесен бик”.

tonino-lamborghini-simbol-na-italijanskata-kafe-kultura-003_copy.jpg

Италијанските дизајнери навистина умеат да внесат убавина во иновациите. Водени од значајноста на кафе-културата, семејството Ламборџини и нивниот тим од дизајнери, креираат низа нови искуства за љубителите на квалитетно еспресо.  Од минималистички, префинет дизајн на приборот за послужување на кафе, како и дизајнерската сензација на Тонино Ламборџини кафе машините наменети за угостителите, до задоволството да се има дома црвена лименка 250 грамско пакување на регуларно мелено еспресо, и еспресо во зрна овие производи се создадени да додат уште поголема вредност на моментот кога целосно ги ослободувате вашите сетила за да уживате во една шолја еспресо. Црна мешавина од Alta Mogiana Арабика и високo квалитетна Робуста, Црвена мешавина на Арабика од Централна Америка и Бразил со допир на робуста или пак Платинум мешавина на бразилски зрна 100 % Арабика, Тонино Ламборџини не отстапува од избалансиран, полн вкус, интензивна арома и автентичен шмек.

Вистинските љубители на еспресо во Македонија наскоро ќе имаат можност да уживаат во вкусот на автентичната италијанската традиција во своите омилени кафулиња, но и да го усовршат процесот на подготовка на еспресо во удобноста на својот дом. Последниот новитет од овој бренд е вистински спој на квалитет и практичност. Тонино Ламборџини еспресо капсули кои се компатибилни со Nespresso® машина за кафе, а ќе можете да ги набавите во вашиот најблизок супермаркет. А за еспресо арома во секое време, па дури и во ноќта, безкофеинска мешавина од Арабика и Робуста од Јужна Америка е вистински избор, достапнаво 250 грамско пакување во лименка и еспресо патрони вакумирани во една доза, фино мелено и печено кафе.

Еспресо е како ниеден друг пијалок на светот. Една доза еспресо во денот прави низа корисни ефекти врз умот и телото. Допринесува за фокус и концентрација, ја поттикнува креативноста , ги изострува сетилата, а аромата предизвикува емоции и спомени кои го негуваат расположението.

Би можело да ве интересира:

Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава