Има ли поубаво нешто од Пелистер на пролет?

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-01.jpg

Патот до Тронот

Ден 25 Март 2017 година, пред паркингот на Железничка станица во рани мугри 04:00 часот збрани 49 поданици поспани но полни со енергија, подготвени за акумулирање на убавините што ги пружа единствено планината, се упатија кон подножјето на Баба планина.180-километарското патешествие доволно долго да ги обедини и запознае енергиите на сите присутни, со што се формираше една хомогена планинарска група која со нетрпение чекаше да го здогледа инфо центарот на Националниот парк Пелистер и да започне со дводневното патешествие. Несебично почнаа да се споделуваат насмевки при излез од автобусот, кој од точноста на предвиденото пристигнување, кој од тежината на ранците, кој од симпатии кон девојките од групата, секој со своите проблеми...

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-1.jpg

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-2.jpg

Здивот Баба планина го одзема уште при првите исчекорувања направени на нејзиното тло. Зимзелена густа вегетација, водотеци, карпи во кој се вљубуваш на прв поглед, мир, тишина, спокој... Во такво идилично расположение со ритмичен чекор започнаа 49-те поданици да го одат патот до тронот, врвот Пелистер 2601мнв. А, патот до тронот ни малку лесен, не подели во две групи. Едните одеа преку Болници, а останатите преку Широка патека. Пропорционално со зголемување на висината растеше и дебелината на растопената снежна покривка, и ете нè после неколку часа на самиот трон, врвот Пелистер. Вообичаена пауза и овековечување на средбата со неговото величество. Патот до местото за преноќевање, домот „Димитар Илиевски-Мурато“ нè водеше преку Врвовите Широко Стапало 2415мнв, Партизански Врв 2349мнв и Ветерници 2420мнв кој дојде како јаготка на шлагот. Последните атоми се трошат, стапалата сè повеќе ја чуствуваат влажноста од снежната покривка, енергијата од сплотената маса поданици нè опкружува како бариера од сите временски влијанија.

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-3.jpg

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-4.jpg

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-5.jpg

Продолжуваме со спуштање од Ветерници каде нè пречекува поглед кој мигот го претвoра во вечност, мајката природа сета во бело несебично ги споделила сите атрибути врз Големо Езеро кое предизвикува чувство на бесконечност. На брегот од Големо Езеро нè пречекува домот Мурато, кој според категоризација и посебни стандарди му се доделени милион звезди кои ти се на допир (доволно е само да је кренеш главата нагоре). Раскомотени во топла домаќинска атмосфера, хармонично усогласени започнаа да се празнат ранците и полнат масите. Трпезата освен неопходните јаглехидрати, протеини, електролити ја сочинија и шеќери во вид на роденденски торти.

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-6.jpg

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-7.jpg

Да, и поданиците знаат како да ги прослават датумите на раѓање меѓу своите и да се памти долго... Марија, Ивана, Дејан среќни да сте постојано! Се додели и диплома за најспремен меѓу нас, Стојан алал да ти е! Културно, на ниво во роденденска атмосфера хедонистички ја поминавме ноќта со изливи на енергија акумулирана во текот на денот и заспивање со блага насмевка.

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-8.jpg

Добро утро 

Последиците од изминатата ноќ видно пристутни, изразени преку широки насмевки кај сите поданици, се поздравуваат со утрински ритуали... Ветрот во обид да нè поколеба да ја впиеме безвременска убавина нè успива. Доаѓа и моментот кога треба да тргнеме кон реалноста и да се упатиме кон подножјето на с.Ниже Поле каде нè чека превозот. Се собираат остатоците од трпезата и сето страно тело донесено од нас, се местат собите во состојба затечена при доаѓање, групно го овековечуваме моментот на изминатиот викенд со Големо Езеро во позадина како мотив кој ќе ни дава свежина и изнудува насмевки уште долго, се поздравуваме со домаќините и со тешка мака го напуштаме милион звездениот дом...

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-9.jpg

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-10.jpg

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-11.jpg

ima-li-poubavo-neshto-od-pelister-na-prolet-12.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...
Љупка Митрова изнајми авион што носи натпис за роденденот на ќерката: „Долго баравме пилот, татко ми... „Авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа. Пред еден месец ја пр...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...

Најчитани неделава