Меккен Загреб - агенција на годината во Хрватска

Агенцијата Меккен Загреб, која е дел од I&F McCann Grupа, е прогласена за најдобра агенција во Хрватска. Наградата е доделена на фестивалот Ideja X, национален фестивал  за оригинални идеи кои ги поместуваат границите без разлика на кој вид медиум се прикажани. На доделувањето на наградите присуствуваше и основачот на I&F McCann Grupа, Срѓан Шапер, кој истакна дека ова е уште една потврда за добриот правец на движење во регионот во кој работи веќе две децении:

mekken-zagreb-agencija-na-godinata-vo-hrvatska-01_resize.jpg

„Се трудиме нашите агенции да бидат локално најдобри, но и заедно да бидеме уигран тим. Заедничката работа на луѓе од повеќе земји дава одлични резултати и им помага да бидат најдобри во своите земји. Меккен Загреб стана дел од нашиот тим пред две години и толку добар резултат е доказ дека сме поставиле добар правец на работење. Наша идеја е секаде да ги вработуваме најдобрите луѓе, оние кои се подготвени да поместуваат граници и не се плашат од одговорност. Нашиот слоган е ‚моќта на луѓето‛ и оваа награда за најдобра агенција е, всушност, награда за најдобрите луѓе. За нашиот млад тим ова е поттик да биде уште подобар за своите клиенти и за нашата група во целина“, рече Срѓан Шапер.

Томислав Пресечки, генерален директор на Меккен Загреб, изјави:

„Наградата за ‚агенција на годината‛ на националниот рекламен фестивал „Денови на комуникацијата“ потврдува дека уиграниот агенциски тим е сосема посветен кон целта да бидеме најдобра агенција во Хрватска. Посебна благодарност кон нашите клиенти без чија доверба и поддршка наградите не би биле можни, а партнерскиот пристап при создавањето кампањи очигледно дава и одлични резултати. Мене лично, како и на целата агенција, овој успех ни е поттик да бидеме уште подобри.“

‘‘Цврсто верувам дека квалитетно и безрезервно вложениот труд мора на крајот да биде награден, а ова значајно признание за најдобра агенција во Хрватска го зацврсти моето уверување. Да се биде агенција на годината на конкурентен пазар каков што е Хрватскиот е голем успех и исклучително сум горд на целиот тим кој е заслужен за овој резултат. И самиот бев сведок колку труд, посветеност и енергија се вложени  изминатава година и колку оваа награда ќе ни значи во нашата идна работа.

Нашата најголема сила се нашите луѓе – оние со кои сме работеле и работиме, но и оние за кои работиме и затоа би сакал да се заблагодарам и на нашите клиенти кои имаа слух да не поддржат и ни веруваат дека заедно можеме да реализираме вакви кампањи. Уште еднаш на сите искрено им честитам на успехот!‘‘, додаде Влатко Димовски, оперативен директор во I&F McCann Grupa одговорен за Адриатик регионот.

Покрај наградата на Idejа X, агенциите Меккен Загреб и УМ Загреб освоија и Effie награди, престижни награди за извонредно и ефикасно рекламирање. УМ Загреб освои и Гранд При и Златно Effie, додека агенцијата Меккен Загреб освои две бронзи.

I&F McCann Grupa, во чиј состав работат и агенциите Меккен Загреб и УМ Загреб не застанува на успехот во регионот на Југоисточна Европа. Претходната година го прошири своето дејствување и во нордиските земји и сега работи во 12 земји кои опфаќаат 58 милиони жители.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава