RED BULL DOODLE ART / 2017 / MACEDONIA / SKOPJE - Гласај за најдобрата чкртаница!

Студентите во Македонија по вторпат добија можност да го искажат своето чкртачко умеење во рамките на проектот Red Bull Doodle Art. Минатите неколку седмици преку илјада талентирани чкртачи од сите краеви на Македонија ги испратија своите трудови кои сега се достапни во онлајн галеријата и го посакуваат твојот глас.

red-bull-doodle-art-2017-macedonia-skopje-glasaj-za-najdobrata-ckrtanica-4.jpg

Откако во 2014 година овој проект беше одржан за првпат, Матеј Тодоровски од Скопје ја претставуваше нашата земја на светското финале во Кејптаун (Јужна Африка), а оваа година победникот ќе ја има таа чест неговиот труд да оживее во 3Д виртуелната реалност на глобалното финале коешто ќе се одржи во текот на летото.

red-bull-doodle-art-2017-macedonia-skopje-glasaj-za-najdobrata-ckrtanica-1.jpg

Гласањето за најдобра чкртаница е веќе во тек и трае до недела. Во оваа фаза публиката ги избира трудовите по пат на гласање на сајтот www.redbulldoodleart.com, по што десет трудови со најголем број на бодови ќе бидат изложени во Скопје на 28 април, кога стручното жири ќе го обере победникот што ќе ја претставува Македонија на светското финале.

red-bull-doodle-art-2017-macedonia-skopje-glasaj-za-najdobrata-ckrtanica-2.jpg

red-bull-doodle-art-2017-macedonia-skopje-glasaj-za-najdobrata-ckrtanica-3.jpg

red-bull-doodle-art-2017-macedonia-skopje-glasaj-za-najdobrata-ckrtanica-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава