100 учесници ги запознаа Хераклеја и Битола во рамки на програмата „Мапа на културата“ на Еуролинк

Скопје, 8 мај 2017 г. - Во саботата, на 6 мај 2017 година, се одржа еднодневна посета на археолошкиот локалитет Хераклеја и градот Битола како дел од програмата „Mапа на културата“, организирана од страна на Еуролинк осигурување. Програмата „Mапа на културата“ за запознавање на културните вредности на Македонија се одвива во рамките на платформата за корпоративно општествена одговорност – ,,Еуролинк вашата врска со вистинските вредности“.

100-ucesnici-gi-zapoznaa-herakleja-i-bitola-vo-ramki-na-programata-mapa-na-kulturata-na-eurolink-01.jpg

Еуролинк осигурување уште еднаш ги потврди своите заложби за  вистинските културни и историски вредности, и им овозможи на 100 учесници да се запознаат со културните белези на цивилизациската, културолошката и археолошката лулка, од чии темели и остатоци постојано се ткае античката приказна за Хераклеја,  пренесувана од генерации на генерации.

Еднодневната прошетка на која присуствуваа над 100 учесници од сите генерации помина во одлична атмосфера. Археолошкиот локалитет Хераклеја беше појдовна точка на туристичките прошетки, a потоа прошетката продолжи кон Музејот Битола, каде што учесниците имаа можност да ја посетат спомен-собата на Кемал Ататурк,  Градот на конзулите – Битола со неговите главни обележја Широк сокак, Безистенот, Саат кулата, како и да ја видат убавината на профаните и сакралните градби, кои претставуваат дел од богатата битолска архитектура. На организираната прошетка се редеа возбудливи приказни раскажани од искусниот туристички водич, враќајќи нѐ во минатото, во времето на нашите предци. На крајот од денот со сладок умор, широка насмевка и убава дружба, како и со заеднички фотографии се вративме во реалноста, побогати со ново искуство и со нови сознанија за подзаборавените културни и археолошки локации.

100-ucesnici-gi-zapoznaa-herakleja-i-bitola-vo-ramki-na-programata-mapa-na-kulturata-na-eurolink-1.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Се ожени јутјуберот Мандар во руфтоп ресторан во Скопје - саканата Дариа блеска, Стефан Лазаров му е... Бели гулаби на црковната венчавка, земање од дома на невестата, романтична венча...

Најчитани неделава