Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се Оскарите за Холивуд“
- Детали
- понеделник, 22 септември 2025
„Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам универзумот што тогаш ѝ се случува на Битола со тој друг ритам, друга енергија во кои цел град вибрира!“, вели Марија Магдалена, професор по англиски јазик, која блесна со елеганција на црвениот тепих. Таа галеше и куче, слуачен минувач среде тој гламур.
фото: Инстаграм
Викендов започна 46-тото издание на реномираниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.
Според најавите ќе имаме седум дена фестивал, седумдесет филмови и повеќе од 400 автори, уметници од сите меридијани ќе чекорат низ Битола, градот што овие ноќи ќе сонува низ светлината и сенката на платното.
Меѓу присутните има и многу битолчани кои со срце полно гордост говорат за овој настан и го споредуваат со Оскарите.
Една од нив е и Марија-Магдалена Петковска Микаровска (39) од Битола, професор по англиски јазик и основач на платформата „Ministry of Second hand”, каде промовира пронаоѓање на нова љубов во старите парчиња облека.

Таа на овој настан се појави во два впечатливи фустани, еден во сребрена, а еден во виолетова боја.
Со нејзината пријателка, актерката Маја Андоновска Илијевски
Прочитајте и Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата
Од фотографии на црвен тепих како гали куче до фотографии на кој го доловува гламурот на овој настан, таа на Инстаграм ги сподели впечатоците.
Марија Магдалена за „Браќа Манаки“ вели:
„Еден ден пред Манаки, на не знам колку ума дали да одам или не. Типично за мене.
Ама после си се потсетив дека Манаки за Битола е она што се Оскарите за Холивуд. Точка.
Така било, така е и така ќе биде.

Секој си го доживува на свој начин, некои како куќна слава, некои како вселенска премиера.
Јас? Јас не сакав да го пропуштам универзумот што тогаш ѝ се случува на Битола со тој друг ритам, друга енергија во кои цел град вибрира!

И ајде, тргнувам да се спремам. Косата и шминката во 15 минути, со моите две несмасни раце.

И тука ќерка ми Хелена (првпат во историја!) ми вели:
„Не те оставам сама, доаѓам со тебе! Ама под еден услов, за мене нема сликање по тие црвени теписи кај што парадирате“.

Договорено! И така си имавме најубава мајка-ќерка средба, за паметење“.

