„Прва пролетна прошетка“ - Дејан Манасков и сопругата со новородениот син уживаат во Битола
- Детали
- вторник, 24 март 2026
Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот син Давид, кој го добија 1 месец по свадбата. „Прва пролетна прошетка“, напиша Билјана.

Дејан Манасков (33), поранешниот ракометен репрезентативец, и член на РК Еурофарм Пелистер, стана татко на 1-ви март, еден месец откако стапи во брак со прекрасната Билјана.

Сега, Билјана на Инстаграм објави фотографии од првата пролетна прошетка која ја имале со синот Давид низ Македонија. Парот уживаше во Битола.

Во тон со капчиња на главата, Дејан и Билјана уживаат во миговите со својот наследник.
За потсетување, Дејан и Билјана Стојановска, која работи во маркетинг секторот во Канал 5 телевизија, направија свадба на 31 јануари.
Фотки од нивната пролетна прошетка:

С. С. | Црнобело
