Меѓународниот ден на телекомуникациите ВИП го одбележа со финалистите на светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE

Скопје, 17 мај 2017г. – Телекомуникациската компанија Вип како официјален партнер на светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE беше домаќин на финалето што се одржа денеска и заедно со финалистите и со членовите на наградениот проект на младиот тим SWIFT, составен од средношколците од државното средно училиште “Раде Јовчевски Корчагин” го одбележа меѓународниот ден на телекомуникациите.

megjunarodniot-den-na-telekomunikaciite-vip-go-odbeleza-so-finalistite-na-svetskiot-natprevar-nasa-space-apps-challenge-01.jpg

“Особена чест ни е што меѓународниот ден на телекомуникациите го одбележуваме заедно со  младите и талентирани луѓе, учесници на NASA SPACE APPS CHALLENGE бидејќи убедени сме дека токму тие се иднината на телекомуникациите, на ИТ индустријата и на поврзаните индустрии воопшто.  Минативе две седмици бевме сведоци на позитивна енергија, многу ентузијазам и идеи, среќни сме што и преку нашите интерни ресурси дадовме придонес во реализацијата на овој настан кој ја става Македонија на мапата на светските настани, изјави Димитар Ковачевски Извршен директор на Вип.

NASA SPACE APPS CHALLENGE се одржуваше од 28ми до 30 април во Скопје. За наградата од Македонија се натпреваруваа 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи, а во финалето влегоа 3 тима кои пред жири комисија ги презентираа своите идеи. Победничкиот тим ќе патува во Kennedy Space Центарот на NASA и ќе има можност во живо да го следи лансирањето на вселенско летало како и да го презентира своето решение пред претставници на NASA.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...

Најчитани неделава