Македонската ИТ заедница беше дел од првата Endava Tech Flow конференција во земјава

Повеќе од 170 ИТ професионалци, дипломци и ентузијасти од Македонија минатата недела учествуваа на првата Tech Flow конференција во земјава која се одржа во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот насловен Agile Best Practices беше отворен и бесплатен за сите заинтересирани и публиката слушна предавања на темата на агилниот софтверски развој. Конференцијата беше организирана од „Ендава“ како дел од серијата на Tech Flow интернационални настани чија цел е се соберат на едно место ИТ професионалци и експерти од индустријата и да се прошират знаењата преку споделување на искуства.

makedonskata-it-zaednica-beshe-del-od-prvata-endava-tech-flow-konferencija-vo-zemjava-01.jpg

Публиката во Скопје имаше шанса да ги слушне предавањата од реномираните интернационални и локални ИТ-експерти посветени на оваа проблематика: Џорџе Ангелаке, Габриел Преда, Алин Грама, Борис Ристов, Љупчо Крстевски и Игор Настоски.

Ангелаке кој е раководител на агилна трансформација, на конференцијата посочи дека низ агилната трансформација во „Ендава“ се идентификува, дефинира и имплементира миксот на процес, технологија и култура што пак го приближува бизнисот, развојот и оперативните тимови со што се овозможува брза испорака на производот и подобрување на квалитетот.

Фокусот на говорот на Алин Грама беше дека за да се биде агилен значи да се биде флексибилен и отворен кон промени.

- Треба да се цени секоја промена која ја сретнуваме по патот поради тоа што во неа се рефлектира сè што сме научиле дотогаш и ќе ни помогне подобро да го прилагодиме планот за да ја достигнеме финалната цел – посочи Грама на Tech Flow.

Според Габриел Преда агилноста е поврзана со еволуцијата и тоа како се надградуваш себеси во тек на патувањето преку тоа што постојано се адаптираш на бизнис-средината, технологијата и проектната атмосфера кои пак постојано се менуваат.

Македонските експертите од „Ендава“: Борис Ристов, Љупчо Крстевски и Игор Настоски говореа за своите лични искуства и видувања при што публиката беше активно вклучена.

Agile Best Practices беше прва конференција од серијата на Tech Flow настани, а менаџерскиот тим на „Ендава“ истакна дека во план е да се организираат и други настани на различни теми интересни за домашната ИТ заедница.

makedonskata-it-zaednica-beshe-del-od-prvata-endava-tech-flow-konferencija-vo-zemjava-2.jpg

Agile Best Practices е прв од серијата на Tech Flow настани организирани од „Ендава“ во Македонија

makedonskata-it-zaednica-beshe-del-od-prvata-endava-tech-flow-konferencija-vo-zemjava-3.jpg

Повеќе од 170 луѓе од локалната ИТ заедница учествуваа на првото издание на настанот во Македонија

На конференцијата шест експерти од „Ендава“одржаа предавања на темата на агилниот софтверски развој

makedonskata-it-zaednica-beshe-del-od-prvata-endava-tech-flow-konferencija-vo-zemjava-5.jpg

Експертот на „Ендава“ од Македонија, Борис Ристов заедно со колегите Љупчо Крстевски и Игор Настоски ги споделија своите искуства и знаења.

makedonskata-it-zaednica-beshe-del-od-prvata-endava-tech-flow-konferencija-vo-zemjava-7.jpg

Главниот говорник Џорџе Ангелаке, раководител на секторот за агилна трансформација во „Ендава“, ги сподели своите знаења на темата “Clash and Burn-Down – Common ways of failing with Agile, and how to recover”

makedonskata-it-zaednica-beshe-del-od-prvata-endava-tech-flow-konferencija-vo-zemjava-6.jpg

Габриел Преда заедно со колегата Алин Грам го сподели своето знаење на темата Agile Maturity Model

makedonskata-it-zaednica-beshe-del-od-prvata-endava-tech-flow-konferencija-vo-zemjava-4_copy.jpg

Компанијата „Ендава“ има во план да организира и други Tech Flow настани на различни теми

Би можело да ве интересира:

Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Дечко од Скопје: „Бев во локал во Дебар Маало, 2 часа го слушав Игор Џамбазов - зошто ме восхити?“ Јас неретко знам да кажам: „Среќни сме што живееме во време на уметник и шоумен ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...

Најчитани неделава