Дечко од Скопје: „Бев во локал во Дебар Маало, 2 часа го слушав Игор Џамбазов - зошто ме восхити?“

Јас неретко знам да кажам: „Среќни сме што живееме во време на уметник и шоумен од типот на Игор Џамбазов. Таков талент и харизма се неповторливи“ и сега ме воодушеви писателот Мартин Јовановски од Скопје, кој по настап на Игор, ги сподели јавно импресиите и восхитот. „Пред малку се вратив од Дебар Маало, 2 и кусур часа на бината беше Игор Џамбазов, каква дефиниција за уметност...“, започнува тој.

dechko-od-skopje-bev-vo-lokal-vo-debar-maalo-2-chasa-go-slushav-igor-djambazov-zoshto-me-voshiti-01.jpg

Игор Џамбазов не е уметник, тој е магија во форма на човек. Нема нешто што не умее... Пее, глуми, пишува, рецитира поезија, едноставно доминира на сцената и најважното - знае да побуди емоција апсолутно во секој еден од нас.

Токму на тоа посведочи сега и нашиот писател Мартин Јовановски, кој восхитен од енергијата на Џамбазов за време на настап во скопски локал, му посвети емотивна објава.

dechko-od-skopje-bev-vo-lokal-vo-debar-maalo-2-chasa-go-slushav-igor-djambazov-zoshto-me-voshiti-02.jpgИнстаграм скриншот

Мартин за Игор вели:

„Пред малку се вратив од Дебар Маало, 2 и кусур часа на бината беше Игор Џамбазов во придружба на Гуру Харе и својот бенд.

Полн импресии, можам само да кажам дека Игор Џамбазов сам по себе е уметност. Македонска гордост, величина, магија, дефиниција за уметност!

Без пауза, без застанување, со насмевка и нереална енергија која несебично ја делеше на сите присутни во публиката, без сценарија, без никаков потсетник, без ниту едно парче хартија пред себе, тотално издоминира.

dechko-od-skopje-bev-vo-lokal-vo-debar-maalo-2-chasa-go-slushav-igor-djambazov-zoshto-me-voshiti-03.jpgИнстаграм скриншот

И овој пат не заборави на македонската култура, историја и традиција, низ стиховите и неговиот препознатлив блуз најде можност да ги вметне и стиховите на Константин Миладинов, Кочо Рацин и народната Дефино вино црвено...

И иако уште би пишувал, доцна е, подобро тука да финиширам. А ќе завршам со зборовите на другар ми Никола:

„Колку сме само среќни, утре ден ќе се фалиме дека сме биле тука, дека во живо сме го слушале, дека од прв ред сме сведочеле...“

Благодарам Игор, од свое и од име на сите оние кои никогаш не ти се заблагодарија, а требаше.

Продолжи да шириш љубов!

Ти благодариме легендо!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов си изгради нов дом во Дојран и го покажа погледот: „Целото езеро на дланка, среќни ли ... „Уште малку, и ова ќе ми биде секојдневие. Погледот од дневната е величествен. Ц...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Игор Џамбазов слави роденден: „Кога наполнив 36 не бев сигурен дали ќе доживеам 63 – еве ме жив и по... Сестрата на нашиот шоумен Игор Џамбазов, Тања, му посака: „Братче мое, само...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...

Најчитани неделава