Започнува пријавувањето за летните пливачки школи - Пливај и уживај со Еуролинк

Скопје, 1 јуни 2017г. - Втора година по ред Еуролинк осигурување ја организира бесплатната пливачка школа за 120 деца на возраст од 7 до 12 години. Поаѓајќи од позитивните искуства од минатогодишната школа, оваа година Еуролинк, освен во Скопје, школата ќе ја  реализира и во градовите Кавадарци и Битола под раководство на тимот на проф. Наташа Мешковска.

zapocnuva-prijavuvanjeto-za-letnite-plivacki-skoli-plivaj-i-uzivaj-so-eurolink-001.jpg

Часовите ќе се реализираат по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за  8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање.

Пријавувањето за летните пливачки школи започнува од:

  • Скопје од 1.6.2017 до 8.6.2017 година.
  • Битола од 26.6.2017 до 3.7.2017 година.
  • Кавадарци од 7.7.2017 до 14.7.2017 година.

Летните пливачки школи започнуваат од:

  • Скопје – Спортски центар „Борис Трајковски“ – прв час на 12.6.2017, последен час на 23.6.2017, секој работен ден од 11.00 часот;
  • Битола – Спортски центар „Император“ – прв час на  5.7.2017, последен час на 12.7.2017, секој ден од 10:00 часот;
  • Кавадарци – Градски базен – прв час на 17.7.2017, последен час на 24.7.2017, секој ден од 10.00 часот.

Родителите може да ги пријават своите деца со испраќање порака на следната електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со испраќање на следниве податоци: име и презиме на детето учесник, возраст, висина, тежина, име и презиме на родителот и контакт-телефон на родителот.

Селекцијата на пријавените кандидати за Скопје, Битола и Кавадарци  ќе се одржи  на  првиот час, и ќе ја врши стручен тим под раководство на проф. Наташа Мешковска, која ќе избере 40 деца за учество во една школа, на возраст од 7 до 12 години. Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри, со помош на пливачко помагало – пловка.

Еуролинк осигурување на избраните кандидати ќе им обезбеди пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала. Останатиот дел од опремата, костими за капење, наочари и папучи, родителите ќе треба сами да ги набават задолжително во сина или сива боја.

Летната пливачка школа на Еуролинк е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк - Вaшата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава