Со здрава храна до весели детски дни

Денес во Македонија и во светот се одбележува Меѓународниот ден на детето.

so-zdrava-hrana-do-veseli-detski-dni-01.jpg

Денот на детето е еден од најстарите меѓународни празници. Во 1925 година, во Женева, Швајцарија, се одржува првата “Светска конференција за благосостојбата на децата”, на која присуствуваат претставници на 54 земји кои ја прифаќаат и потпишуваат Женевската декларација, како и официјално го дефинираат датумот 1-ви јуни за Меѓународен ден на детето.

Оваа година, македонскиот бренд Натура го одбележува Меѓународниот Ден на Детето со апелза придобивките од конзумирање здрави прехранбени продукти во детскиот развој.

За правилен раст и развој на децата неопходна е здрава и балансирана исхрана.  Исхраната на децата треба да вклучува житарици, мешунки и свежо овошје и зеленчук во изобилие.

Многу е важно да се подигне свеста кај децата и родителите за здравиот начин на исхрана, бидејќи тоа е предуслов за здрав развој на детето. Со внимателно одбрана храна, можеме да го подобриме коефициентот на интелегенција, како и расположението на нашите деца. Здравиот начин на исхрана ги прави дечињата емотивно стабилни и ја подобрува нивната меморија. Доколку детето внесува во себе прави нутритиенти, ќе биде способно побрзо да мисли, ќе има подобра координација и концентрација.

so-zdrava-hrana-do-veseli-detski-dni-1.jpg

Производите како корнфлекс, житни снегулки, експандирани житарки, семки и сушено овошје се вистинскиот избор, затоа што децата ги сакаат, а конзумирајќи ги истовремено се хранат здраво.  Сушеното овошје е одличен извор на железо, кое дава физичка и ментална енергија и кое се користи против анемија. Ваквиот извор на енергија брзо патува во крвотокот и особено се препорачува на  деца кои спортуваат, после напорниот тренинг.

Децата не одбиваат шејк од овесни снегулки и банана за појадок или ужина, а јачменови снегулки подготвени со компот од јаболко, цимет и оревчиња им дава доволно енергија за нивната детска игра. Направете здрави палачинки со домашен прелив од боровница, а белото брашно заменете го со р'жани снегулки. Овесот содржи: јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин, бројни витамини, затоа треба да се користи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува здравјето на организмот и ги зајакнува неговите природни одбрамбени механизми.

Производите на Натура се 100% природни, изобилуваат со растителни влакна, не содржат вештачки бои и засладувачи.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Франц со сопругата и децата ужива на одмор на островот Ана Марија - се наоѓа во Флорида, има бели пе... Совршеното зајдисонце на островот Ана Марија им ги освои срцата на Франц и негов...

Најчитани неделава