БЕСТ Скопје го организира 15-тиот Летен Академски курс (ЛАК)

Од 1989 па се до денес БЕСТ обезбедува можности за комуникација, соработка и размена на студентите ширум Европа. Во 33 земји со вкупно 95 Локални БЕСТ Групи, БЕСТ формира студентска мрежа која е константно растечка, добро организирана, моќна и иновативна.

best-skopje-go-organizira-15iot-leten-akademski-kurs-lak-01.jpg

Секојдневниот напредок се должи на околу 4800 студенти кои ентузијастички дејствуваат, а скоро 1 милион студенти се опфатени од поттикнатите настани и иницијативи. БЕСТ на студентите им дава можност да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

БЕСТ Скопје, во соработка со Teхнолошкo-металуршки факултет - Скопје, по 15ти пат организира Меѓународен Летен Академски курс. Оваа година во фокусот на предавањата се "полимери и керамика “. Доаѓаат 25 учесници од цела Европа, кои ќе слушаат предавања од искусни професори од Teхнолошкo-металуршкиот факултет - Скопје и предавачи од врвни компании кои имаат поврзаност со темата, меѓу кои ce компаниите Микросам и Титан. Меѓународниот Летен Академски курс ќе се одржи од 28ми јуни до 8ми јули, а на крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС.

Едукативниот и културен карактер не е единствената цел на овој настан, има и културно значење поради разновидните традициите кои ги носат самите учесници од различни земји. Преку организирање на бројни дневни и ноќни активности во Скопје, како и викенд патување во Охрид, учесниците имаат можност да се запознаат со културните, историските обичаи и знаменитостите на Македонија. Овој настан им овозможува на студентите да се запознаат и дружат со луѓе од цела Европа, нудејќи им шанса да го прошират и подобрат својот светоглед.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава