Економскиот факултет – Скопје и АИЕСЕК Скопје ја организираат седмата меѓународна летна школа

Меѓународната летната школа е проект кој по седми пат се организира од страна на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј ” во Скопје и студентската интернационална платформа АИЕСЕК Скопје.

ekonomskiot-fakultet-skopje-i-aiesek-skopje-ja-organiziraat-sedmata-megjunarodna-skola-001.jpg

Темата на овогодинешната Школа Направи разлика – стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ е дефинирана во согласност со актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на патот кон нивното полноправно зачленување во Европската Унија, од една страна; и тековните проблеми и предизвиците со кои се соочува Унијата по последната економска криза, од друга страна.

Целта на проектот е пренесување на теоретските и практични искуства поврзани со новите сознанија во економијата и јавните политики во посткризниот период, а кои треба да се земат предвид во справување со економските проблеми и реформи во земјите од регионот во функција на јакнење на конкурентноста на нивните економии на патот кон ЕУ.

Интегрални тематски области:

Интегралните тематски области се:

  • Економски реформи и политики на патот кон ЕУ;
  • Финансиски пазари и институции
  • Институции и институционални реформи;
  • Економија базирана на знаење;
  • Претприемништво, бизнис и економски перформанси.

Најавените тематски области ќе бидат покриени од академски кадар од реномирани и добро етаблирани универзитети, како и од експерти од релевантни домашни и меѓународни институции. Посебен простор на Школата ќе биде оставен за размена и пренесување на искуствата од успешните македонските компании.

Работен јазик на Меѓународната летна школа: англиски јазик

Период на одржување на школата:  07-13.8.2017

Локација: Конгресен центар, Охрид, Република Македонија

Аплицирај на :  https://goo.gl/forms/0HXznLAr1JaZoJSl2  

Надоместок: 150 евра

Краен рок за аплицирање: 15-ти јуни 2017

Известување за прифатени кандидати: 20-ти јуни 2017

Facebook настан

#InternationalSummerSchool #Makeadifference #EU #AIESEC #ECCF #UKIM

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“ „Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава