Голем успех на „Пи Ворлд“ во Светскиот трговски центар во Њујорк

Над 150 компании од Америка и други земји околу светот,  беа дел од првиот настан за односи со јавноста на македонската компанија Пи Ворлд, кој се одржа минатиот четврток и петок во просториите на престижниот магазин Vogue во Светскиот трговски центар во Њујорк. 

golem-uspeh-na-p-world-vo-svetskiot-trgovski-centar-vo-new-york-01.jpg

Global PR Summit New York вклучуваше презентации од над 20 интернационали експерти за односи со јавноста а најголемиот американски веб портал за односи со јавноста, O’Dwyers, го нарече настанот „Обединетите нации на светските PR експерти”.

Можеби најзначајниот успех на оваа македонска компанија е тоа што за прв пат во американската PR историја, успеа да ги собере сите американски и интернационални асоцијации за односи со јавноста на едно место.

„Global PR Summit New York е остварување на сонот кој што го зацртавме со нашиот тим пред речиси седум години. Иако како компанија сме присутни во над 30 земји во светот, настанот во Њујорк е дефинитивно круна на нашата работа и огромен успех не само на нашата компанија туку на сите македонски компании”, изјави Коста Петров. 

Следниот настан на Пи Ворлд во Северна Америка ќе се одржи од 20-21 ноември во Торонто, Канада а во текот на годината компанијата ќе организира бизнис настани и во Скопје, Каиро, Ријад и Монтреал. 

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава