Ја будиме љубовта кон германскиот јазик низ забава и уживање - Во тек е летниот камп на Германскиот јазичен центар

Во тек е летниот дневен престој во Германскиот јазичен центар! Подарете им на децата забавно лето и истовремено допринесете за збогатување на нивните германски јазични компетенции.

ja-budime-ljubovta-kon-germanskiot-jazik-niz-zabava-i-uzivanje-vo-tek-e-letniot-kamp-na-germanskiot-jazicen-centar-01

Ние Ви гарантираме многу забава, интерактивна настава, прошетки во природа, спорт и уживање со многу другарчиња. Нашите искусни и посветени професорки ќе се погрижат за истото да биде незаборавно!

На нашиот летен јазичен камп учиме спонтано и ја будиме љубовта кон германскиот јазик! Нашите 8 генерации дневен престој се доказ за нашиот успех!

Германскиот јазичен центар е конципиран како едукативен центар за интензивно и активно изучување на германскиот јазик и запознавање на германско-јазичната култура за сите јазични нивоа и возрасни групи преку најразлични форма на настава – групна или индивидуална настава со интензитет согласно барањата и потребата на слушателите. 

ja-budime-ljubovta-kon-germanskiot-jazik-niz-zabava-i-uzivanje-vo-tek-e-letniot-kamp-na-germanskiot-jazicen-centar-2

За време на летниот распуст го организираме нашиот омилен јазичен камп, на кој децата од предшколска и школска возраст интензивно го изучуваат германскиот јазик преку забавни методи и едукативни материјали. 

Благодарение на огромниот успех на учениците кои ги посетуваа нашите досегашни летни дневни престои и по барање на родителите, и ова лето истиот ќе се реализира во периодот 12.06.- 25.08.2017.

Истиот опфаќа целодневно згрижување на децата за време на училишниот распуст. Низ различните наставни активности се стимулира раниот когнитивен, како и развојот на фината моторика.

Интерактивниот пристап, како и изучувањето на песнички, едукативни игри, рачни изработки, организирање на специјални тематски денови, како и раздвижување и игри преку секојдневни прошетки во природа неизбежно допринесуваат да се разбуди љубовта кон јазикот, а спонтаното учење на цели реченични конструкции претставува забава.

ja-budime-ljubovta-kon-germanskiot-jazik-niz-zabava-i-uzivanje-vo-tek-e-letniot-kamp-na-germanskiot-jazicen-centar-8

По завршените обврски на децата на располагање им стојат голем број на едукативни игри и материјали. Времето пред преземањето од страна на родителите е предвидено за слободни активности. Со учениците во рамките на престојот работи тим од дипломирани професорки по германски јазик како и воспитувач.

Мотивацијата на нашите слушатели и поттикнувањето на љубов кон германскиот јазик и култура е наш основен предизвик. Специјализираноста за германски јазик е нашата особеност, која е и наша дополнителна обврска и предизвик во промоција на германскиот јазик.

Единствениот и непосреден пристап во комуникацијата со нашите слушатели, искусниот кадар и современите материјали и наставни методи се причина за нашиот досегашен успех.

ja-budime-ljubovta-kon-germanskiot-jazik-niz-zabava-i-uzivanje-vo-tek-e-letniot-kamp-na-germanskiot-jazicen-centar-3

Летниот дневен престој ќе функционира во периодот 12.06.- 25.08.2017, секој работен ден од 08.00 – 17.00 часот.

Програма:

  • 08:00 – 09:00 часот – примање на децата и појадок *
  • 09:00 – 11:00 часот – рекреативни активности на отворено
  • 11:00 – 12:30 часот – интензивен курс по германски јазик
  • 12:30 – 13:30 часот – пауза за ручек *
  • 13:30 – 15:00 часот – интензивен курс по германски јазик
  • 15:00 – 17:00 часот – слободни активности
  • (земање на децата во зависност од работното време на родителите).

* Храната и пијалоците би биле обезбедени од страна на родителите во форма на ланч-пакети или преку дополнителната понуда за топол оброк од УРАНИЈА.

За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање.

Ве очекуваме на летна авантура, auf Deutsch! :)

ja-budime-ljubovta-kon-germanskiot-jazik-niz-zabava-i-uzivanje-vo-tek-e-letniot-kamp-na-germanskiot-jazicen-centar-6

Германски јазичен центар
бул. Климент Охридски бр.22
1000 Скопје, Македонија
тел./факс: + 389 2 31 123 00, 072 252 661
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...

Најчитани неделава