Springfield дел од Д Фестивал 2017

springfield-del-od-d-festival-2017-01.jpg

Шпанскиот моден бренд Springfield, познат по модните парчиња за трендовски и релаксиран изглед ќе биде дел од овогодинешното издание на Д Фестивал, кој ќе се одржи од 14-ти до 16-ти јули во Дојран.

По примерот на светските музички фестивали, оваа соработка ја потенцира неизбежната поврзаност на модата и настаните од ваков вид кои се вистинско место за презентација на уникатноста и креативноста во облекувањето.

Соработката на Springfield и Д Фестивал ќе вклучи повеќе активности. Така, пред започнувањето на фестивалот сите оние кои веќе се подготвуваат,  ќе имаат можност да ја покажат својата #musthave комбинација на Instagram со  хаштаг #springfieldfetsivalready и на тој начин да станат потенцијални добитници на вредносни ваучери од брендот.

За време на фестивалот посетителите ќе може да го овековечат својот моден избор на специјално означена Springfield позиција и потоа да го споделат со хаштаг #springfieldfestivalfashion. Најуникатните модни комбинации бидат наградени со подароци од Springfield.

Дополнително, 1000 посетители на фестивалот со својата влезница ќе добијат и купони со попуст за купување во продавниците на Springfield.

Доаѓа време за забава и мода, за релаксирани денови и возбудливи ноќи, па затоа подгответе се најдобро што можете и уживајте во уште едно незаборавно фестивалско лето!

Би можело да ве интересира:

Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...

Најчитани неделава