Вип за сите љубители на модерните танци - Бесплатни часови преку караванот на танчерската група Beatrix Crew

Скопје, 14 јули 2017г. – Вип ја продолжува успешната соработка со студиото за модерни танци Beatrix Crew и со големо задоволство ja најавува поддршката на танцовиот караван кој ќе обиколи неколку градови низ земјата.

vip-za-site-ljubiteli-na-modernite-tanci-besplatni-casovi-preku-karavanot-na-tancerskata-grupa-beatrix-crew-01.jpg

Под мотото “Фати го ритамот на летото со Вип и Beatrix” караванот започнува денеска попладне на главниот плоштад во Куманово и ќе продолжи во наредните денови на плоштадите низ градовите Штип, Струмица, Битола, Охрид и Струга.

Под водство на искусните инструктори на Beatrix Crew бесплатните танцови работилници ќе бидат отворени за сите љубители на модерниот танц и на хип хоп ритамот. Танчерите од Betarix Crew ќе се потрудат на овие работилници да го пренесат своето знаење и искуство на сите заинтересирани што претставува одлична можност за сите учесници да се забавуваат и да научат нови танчерски движења.

“Обезбедувањето повеќе вредност е главното ветување на Вип кон корисниците, но и кон заедницата и кон уметноста. Убедени сме дека не само љубителите на модерниот танц туку и сите жители во градовите низ кои ќе мине караванот ќе се забавуваат и ќе уживаат во впечатливата кореографија и неуморната енергија на инструкторите од Beatrix Crew со што нашата мисија за унапредување на уметноста ќе продолжи успешно да живее”, изјави Емилија Зографска, Оддел за корпоративни комуникации.  

vip-za-site-ljubiteli-na-modernite-tanci-besplatni-casovi-preku-karavanot-na-tancerskata-grupa-beatrix-crew-02

Beatrix Crew е носител на три награди во категоријата Urban Dance Styles на Светското првенство во модерни танци што се одржа во јуни годинава, со што го постигна најдобириот пласман на Македонија до сега. Неодамна беше реализирана соработката со Вип со што членовите беа дел од новиот ТВ спот за Vip Припејд промоцијата – бесплатни Viber пораки цело лето.

Видео рекламата со Beatrix Crew можете да ја погледнете во продолжение:

 

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...

Најчитани неделава