Впечатливи билборди го најавија новиот станбен објект во срцето на Скопје - Riverview Residence

Изминатите денови на неколку локации низ Скопје се појавија впечатливи билборди опкружени со зеленило кои го најавија новиот станбен објект Riverview Residence. Носечка порака на оваа креативна кампања е „Живеј во дом опкружен со природа“, што ја симболизира одличната локација на објектот на самиот кеј на реката Вардар со непречен поглед кон Градскиот парк и Водно.

vpecatlivi-bilbordi-go-najavija-noviot-stanben-objekt-vo-srceto-na-skopje-riverview-residence-01.JPG

Riverview Residence ќе биде уникатно место за убаво и пријатно живеење за сите оние кои сакаат да избегаат од хаосот без да го напуштат градот и да уживаат во секој дел од денот. Објектот се наоѓа во атрактивниот локалитет Криви Дол, во чиста, мирна и урбана средина, изолиран од градскиот метеж, a оддалечен на само 3 km од центарот на градот.

Оваа симпатична, урбана оаза ќе се простира на 1500 m2, со станбен објект во висина од 4 ката (П+3+Пк - приземје плус три ката плус поткровје), составен од 52 стана со зелени тераси, парковски површини во приземјето и сопствен подземен паркинг-простор. Становите ќе бидат со површина од 30 до 110 m2 и се поделени во три влеза.

Следејќи ги најновите архитектонски трендови, во целокупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали кои објектот го вбројуваат во А-класа енергетски ефикасен објект со одлична звучна и термичка изолација.

Тоа што го прави овој објект посебен е и модерниот изглед и функционалниот распоред на становите, кои се внимателно решени и приспособени на секојдневните потреби на урбаниот човек.

Зад новиот станбен објект Riverview Residence стои градежната фирма Бортас, која е препознатлива по своето реноме на компанија со висока професионалност, доверба од своите клиенти и квалитет во работењето. Со својата 27-годишна традиција, Бортас е меѓу првите градежни компании кои започнаа со градба на станбени згради на нашиот пазар. Компанијата досега има изградено 9 станбено-деловни објекти, кои се дом на околу 500 среќни и задоволни семејства.

За сите што сакаат да уживаат во дом опкружен со природа, Бортас во соработка со Стопанска банка АД Битола нуди одлична и единствена поволност за станбен кредит со 1,9 % фиксна каматна стапка за првите три години.

Повеќе информации на овој линк.

Објектот Riverview Residence е во фаза на градба и се очекува да биде пуштен во употреба во втората половина на следната година.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од новиот објект:

Би можело да ве интересира:

Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава