Ново семејно пакување Битолско кисело млеко за целосно уживање

Добро познатиот, традиционален вкус на кравјото Битолско кисело млеко отсега е достапен и во големо, семејно пакување од 700 гр во кантичка.

novo-semejno-pakuvanje-bitolsko-kiselo-mleko-za-celosno-uzivanje-01.jpg

Битолското кисело млеко досега беше достапно во пакување од 180 и 400 гр, а новата кантичка Бимилк ја лансира на барање на потрошувачите, со цел да ги задоволи потребите на целото семејство.

Киселото млеко изобилува со калциум и полезни бактерии што му даваат совршена хармонија на организмот. Истовремено ги зајакнува коските, го зајакнува имунитетот и помага во правилна функција на организмот, па затоа се препорачува во секојдневната исхрана.

Меѓутоа, не се само здравствените придобивки она што го прават Битолското кисело млеко незаменлив сојузник на семејната трпеза. Неговиот богат, полн вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.

Всушност, една од главните состојки на традиционалната македонска трпеза е токму чинија кисело млеко. Ви приложуваме 3 идеи за вкусни традиционални, но и не толку традиционални оброци со кисело млеко.

Пита со кисело млеко - покрај тоа што е одличен придружник буквално на сите печива и пити, киселото млеко може да биде и клучна состојка во подготовка на вкусна и лесна домашна пита. За оваа пита ќе ви бидат потребни:

  • 1 кг брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажиче сол, прстофат шеќер и млака вода
  • 400 гр кисело млеко
  • 3-4 јајца

Подготовка: Замесете го брашното и оставете го да нарасне. Исукајте две кори, со тоа што едната да биде поголема од тавата во која ќе се пече. Намастете ја тавата и ставете ја поголемата кора. Врз тестото ставете ја мешавината од јајца и кисело млеко. Покријте со другата кора, а деловите што висат од долната завиткајте ги на крајчињата. Печете во загреана рерна околу 40-45 минути.

novo-semejno-pakuvanje-bitolsko-kiselo-mleko-za-celosno-uzivanje-02.jpg

Полнети тиквички - за ова традиционално јадење ќе ви бидат потребни:

  • 2 тиквички
  • 300 гр мелено месо
  • 150 гр ориз
  • 1 кромид
  • 1 супена лажица мешан зачин, сол, бибер
  • 4 јајца
  • 500 гр кисело млеко

Подготовка: Во загреано масло се запржува кромидот, па се додава месото, а откако ќе се запржи, се додава и оризот и се зачинува. Тиквичките се лупат и се длабат, па се полнат со меленото месо. Се ставаат во земјена тава и се попрскуваат со масло, а тавата се полни со вода, доволно колку да ги покрие. Се пече подолго, во загреана рерна, со цел убаво да се загрее тавата, а откако тиквичката ќе биде варена, се прелева со матени јајца со кисело млеко и се допекува уште малку за да фати кора. На ова јадење може да се додаде и јаболков оцет.

novo-semejno-pakuvanje-bitolsko-kiselo-mleko-za-celosno-uzivanje-03.jpg

Малку поинаков таратур - кој не сака таратур во комбинација со кое било јадење? Меѓутоа, со Битолското кисело млеко можете да направите и малку поинаков рецепт, за кој ќе ви бидат потребни:

  • 1 кг кисело млеко
  • 350 гр кисели краставички
  • 1-2 чесни лук
  • 50 гр ореви
  • ½ китка копар
  • сол, масло

Подготовка: Киселите краставички и лукот ситно се сечкаат, а оревите се мелат, но не премногу ситно. Се зачинува со ситно сечкан копар, сол и масло (може и маслиново), па сè се меша до соединување. Пред послужување треба добро да се излади.

Препуштете се на креативност во кујната, бидејќи полната структура на Битолското кисело млеко ви овозможува неограничен број можности. Тоа е одличен додаток и за сармички, спанаќ, полнети пиперки, мусака, печено месо, компири и безброј други јадења, но може да се додаде и на овошни или зеленчукови салати како прелив. Изборот е ваш, но за каква било комбинација и да се одлучите, ние ви ветуваме богат, незаменлив вкус што нема да ве остави рамнодушни.

Би можело да ве интересира:

„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...

Најчитани неделава