ВИВА со својот квалитет ги освојува светските пазари

Нашиот најголем и најпознат  македонски производител на 100% природни овошни сокови Вивакс со познатиот бренд Вива, уште еднаш успешно се претставува и повторно привлекува големо внимание со своите висококвалитетни производи на голем број посетители, претставници на познати ланци маркети и дистрибутери од целиот свет, на најголемиот саем за храна и пијалоци Ануга, кој што се одржува во Келн, Германија.

viva-so-svojot-kvalitet-gi-osvojuva-svetskite-pazari-01.jpg

Освен со 100% природните сокови, Вивакс оваа година го збогати својот асортиман и понуда со висококвалитетни природни овошни каши, добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка и праска, кои се употребуваат за производство на природни овошни сокови, смути и детски овошни каши.   

viva-so-svojot-kvalitet-gi-osvojuva-svetskite-pazari-02.jpg

- “Горди сме што освен нашиот примат сите овие години - производство на 100% природни овошни сокови, сме и производители на природни овошни каши, и како резултат на тоа сме едни од најголемите откупувачи на овошје во земјава. Учеството на саемот пред две години, во изминатиот период ни донесе како компанија извоз во над 20 земји, како што се Кина, САД, Канада, Шведска, Обединети Арапски Емирати. Тука е местото каде се прават првичните контакти за понатамошна соработка. Но, овој саем е и посебно значаен затоа што го утврдува фокусот на прехранбената индустрија во иднина и дава извонредна можност за размена на иновации и информации“, - изјави Тања Атанасова, маркетинг директор на Вивакс.

viva-so-svojot-kvalitet-gi-osvojuva-svetskite-pazari-03.jpg

Оваа година на Ануга беа 7.400 изложувачи од 100 земји од светот. Тој е место каде се сретнуваат и учество земаат сите значајни фактори во прехранбената индустрија, производители, трговци, претставници на големи продажни ланци, водечки импортери, добавувачи на големи компании, менаџери и сопственици, а Вива со својот препознатлив квалитет и иновативност е дел од оваа приказна.

viva-so-svojot-kvalitet-gi-osvojuva-svetskite-pazari-04.jpg

viva-so-svojot-kvalitet-gi-osvojuva-svetskite-pazari-05.jpg

viva-so-svojot-kvalitet-gi-osvojuva-svetskite-pazari-06.jpg

viva-so-svojot-kvalitet-gi-osvojuva-svetskite-pazari-07.jpg

viva-so-svojot-kvalitet-gi-osvojuva-svetskite-pazari-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...

Најчитани неделава