(Р)еволуција на Кампари календарот

Во Рим, центарот на италијанската кинематографија, оваа година симболично се отвори и започна новата кампања “Campari Red Diaries” (Црвените дневници на Кампари) - (Р)еволуција на Кампари календарот.  Магијата на правењето на секој од 12-те коктели ни ја оживуваат 14 бармени кои нè носат на патување околу светот како и низ имагинацијата и приказните зад секој од коктелите.

revolucijata-na-kampari-kalendarot-001.jpg

Паоло Сорентино, режисерот на водечкиот краток филм “Убиец во црвено“ за оваа кампања ке изјави: “Кампари е  италијанска икона која се здоби со глобална љубов и внимание како резултат на својата силна и вродена смисла за естетика и добро дефиниран стил - квалитети кои и самиот ги поседувам. Со овогодинешниот фокус на филмот, се трудев со техниката на раскажување на приказна да го доловам интригантниот интензитет. Работењето со Клајв Овен е фантастично-неговото маркантно присуство и ентузијазам ми овозможија да создадам краток филм кој се надевам ќе се покаже како свеж, инспиративен и креативен.”

Па така, кампањата за легендарниот италијански црвен аперитив со горко-сладок вкус се заокружува со 12 коктели како дел од Кампари календарот, зад кој стои познатиот аргентински фотограф Але Бурсет. Овој календар нема да биде на продажба и ќе можете да станете сопственик на еден оригинален примерок од 9.999-те испечатени само доколку сте дел од пријателите на Кампари низ целиот свет; а содржината на кратките филмови на младиот италијански режисер Иван Олита ексклузивно ќе биде достапна само на официјалниот ЈуТјуб канал на Кампари.

„Секој коктел раскажува приказна“ нека биде и вашето мото за овој период, создадете приказна и бидете дел од магијата на Кампари.

revolucijata-na-kampari-kalendarot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава