Нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје

nov-koncept-na-prodavnici-na-dojce-telekom-za-prv-pat-vo-makedonija-so-prodavnicata-vo-city-mall-vo-skopje-1.jpg

  • Комбинација од изложбен простор со продукти и услуги, гејминг зона и кафе бар
  • Зелен еко ѕид, за прв пат во Дојче Телеком продавниците
  • Посебна понуда на Samsung смартфони за 1 денар на 11 ноември

Македонски Телеком стартува со нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје. Новиот концепт освен уреди и услуги нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник.

Се состои од три области:  Изложбен простор со уреди и услуги, зона за гејминг и забава и кафе бар. Зоната за гејминг и забава е уредена како дневна соба во која корисниците ќе можат да уживаат во користење на напредни услуги и решенија и да се забавуваат. Кај уредите и услугите, новина е што ќе има и катче за лични консултации.

Во продавницата има и зелен еко ѕид, за прв пат во продавниците на Дојче Телеком. Ѕидот, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот.

„Веќе не е доволно да се понудат само услуги и сервиси. Навиките и очекувањата на корисниците се менуваат, еволуираат а ние одиме чекор понатаму за да одговориме на тие очекувања. Продавниците веќе не се само за купување на телефони и услуги, туку место за забава, дружење, шопинг, место на кое се добива вистинска поддршка и искуство. Со новиот концепт на продавници целта ни е да обезбедиме врвно корисничко искуство“. – изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

nov-koncept-na-prodavnici-na-dojce-telekom-za-prv-pat-vo-makedonija-so-prodavnicata-vo-city-mall-vo-skopje-2.jpg

На денот на отворањето на продавницата во City Mall - 11 ноември, од 10:00 до 13:00 часот, за корисниците ќе има специјална понуда на Samsung смартфони, за еден денар. За корисниците на Smart M, еден денар ќе биде Samsung J3 (2016), за Smart L, Samsung J5 (2017) и за корисниците на Smart Platinum - Samsung  S8+.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Аделина Тахири му прослави 7-ми роденден на синот со луксузна забава - се појави во чевли налик на б... Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со ...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...

Најчитани неделава