Интервју со Џиjан Емин - Џин на звукот во Македонија: Сè уште сум на прва борбена линија

Би препорачал на публиката  да се опушти и да ужива во она што сме  го подготвиле за нив со надеж дека ќе им се допадне. Ве чекаме на Neuland Sensorium, порачува Џијан Емин.

intervju-so-dzijan-emin-dzin-na-zvukot-vo-makedonija-se-uste-sum-na-prva-borbena-linija-1.jpg

П: На 25ти ноември ќе се одржи несекојдневниот Neuland Sensorium настан во Мала Станица, каде македонската публика ќе има чест да ужива, покрај другите уникатни доживувања и во вашата музика. Како вие ја доживувате музиката?

ЏЕ: Пред некој ден констатирав дека всушност ова е мој прв солистички настап во Македонија. Драго ми е што се случува на вакво високо ниво, со голем оркестар и врвна техничка продукција, како дел од проектот Neuland во Македонија. Музиката секогаш ја доживувам различно во зависност од самата музика и она што таа го кажува, дали носи некаква порака, дали има суштина и живот во идејата. Секако уште многу други фактори и аспекти одлучуваат за тоа како ќе доживеам одредена музика. Покрај тоа што сум професионален музичар цел живот, се уште можам да слушам музика како обичен слушател и тоа е за мене голема среќа, бидејќи успевам да се радувам на добра музика и да се препуштам на чувствата и енергијата кои таа ги носи. Сакам да кажам дека едноставно се уште можам да си дозволам да уживам во музика, музика која истовремено можам да ја чувствувам, вкусам и слушнам, а токму тоа ќе се обидеме и да го направиме и за сите гости на Neuland Sensorium оваа сабота.

intervju-so-dzijan-emin-dzin-na-zvukot-vo-makedonija-se-uste-sum-na-prva-borbena-linija-2.jpeg

П: Neuland платформата ве препознава како џин за звук во Македонија и пошироко. Како го доживувате предизвикот да се спојат вкусови, форми, визуелни и звучни искуства во нешто досега невидено, непознато?

ЏЕ: Секој уметник кој се стреми да биде голем, презема храбри чекори и одговора на предизвиците во уметноста, кои се круцијални за добивање нови форми, нов израз, нови начини, кои носат воспоставување нови медиуми, т.е. нови начини на споделување на уметноста. Тоа на некој начин ќе го добиеме на претстојната мултисензорна „изложба“  Neuland Sensorium  на 25ти ноември во Мала Станица. Правејќи кратка ретроспектива во однос на моето делување како музичар, драго ми е што се уште сум присутен со постојана желба за откривање нови работи,  #UpForTheUnknown. Или да цитирам еден мој пријател кој вели за мене дека се уште сум „на прва борбена линија’“  :-) 

П: Сите со нетрпение го очекуваме 25ти, кога за време на настанот Neuland Sensorium на публиката ќе и понудите посебна проекција на музиката. Што може да очекуваме? 

ЏЕ: Гледам дека публиката се уште не е сосема свесна што може да очекува на Neuland Sensorium во Мала Станица.  Мислам дека не треба да имаме очекување, едноставно треба храбро да зачекориме и уживаме во оваа несекојдневна музичка и визуелна експресија. Со задоволство ве очекувам на Neuland Sensorium, заедно да зачекориме на патот на непознатото.

intervju-so-dzijan-emin-dzin-na-zvukot-vo-makedonija-se-uste-sum-na-prva-borbena-linija-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава