КПМГ во Македонија прослави 20 години постоење. Срѓан Ранѓеловиќ именуван за нов партнер

(23.11.2017) - Водечката фирма за професионални услуги КПМГ во Македонија синоќа одбележа два значајни настани: својата дваесетгодишнина и именувањето на новиот партнер, г. Срѓан Ранѓеловиќ, со концерт на Македонската филхармонија со наслов “Charlie Parker with strings”. Овој концерт беше изведен премиерно во нашата земја и ја нагласува поддршката што КПМГ ја дава за културата и уметноста во Македонија.

kmpg-vo-makedonija-proslavi-20-godini-postoenje-srgjan-rangelovik-imenuvan-za-nov-partner-01.jpg

На прославата присуствуваа многубројни клиенти и ценети гости на КПМГ во Македонија, вклучувајќи го и претставникот на Бордот на КПМГ за Централна и Источна Европа и раководниот партнер на КПМГ во Бугарија, г-ѓа Гергана Мантаркова, како и поранешни и сегашни вработени на КПМГ во Македонија.

Честитајќи го овој значаен јубилеј, г-ѓа Мантаркова рече: „Водени од вредностите на КПМГ за извонредност, доверба и посветеност кон клиентите, КПМГ во Македонија изгради силен тим со големо знаење и искуство, кој освен во Македонија учествува и во многу меѓународни проекти во регионот, применувајќи ја својата експертиза и градејќи репутација во различни сектори и индустрии“. По повод именувањето на новиот партнер,  г-ѓа Мантаркова изјави: „Особено сум горда на практиката на КПМГ да именува локални партнери како признание за нивниот квалитет, посветеност и постојаниот придонес“.

kmpg-vo-makedonija-proslavi-20-godini-postoenje-srgjan-rangelovik-imenuvan-za-nov-partner-02.jpg

Во својот говор г-ѓа Гордана Никушевска изјави: „КПМГ во Македонија е основана во 1997 година како дел од големото семејство на КПМГ во целиот свет. Со тоа во Македонија се донесе големото меѓународно искуство и know-how на КПМГ, една од најголемите светски ревизорски и консултантски куќи, со што се придонесе за развојот и приближувањето на нашите клиенти кон најдобрите практики. Со ангажманите, еднакво и во мали и во големи компании, како и со учеството во многубројни проекти од јавниот сектор, ние придонесуваме во заедницата и влијаеме врз економијата на нашата земја во целост“.

Новоименуваниот партнер, г. Срѓан Ранѓеловиќ, се осврна на основните елементи на визијата на КПМГ: луѓето, клиентите и јавноста. „Ние ќе продолжиме да се залагаме КПМГ и во иднина да ги има најдобрите луѓе и да биде работодавец од избор за голем број студенти и млади луѓе. Се надевам дека КПМГ и во наредните години ќе биде едно прекрасно место за работа и за градење кариера на многу успешни професионалци“.

kmpg-vo-makedonija-proslavi-20-godini-postoenje-srgjan-rangelovik-imenuvan-za-nov-partner-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов ужива со ќерката на концерт на Coldplay во Торонто: „Ова е нејзин прв концерт“ Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...

Најчитани неделава