ОКТА ги пренамени новогодишните корпоративни подароци во донација за две посебни основни училишта

(Скопје, 27.12.2017) – Сите средства наменети за корпоративни подароци, компанијата ОКТА ги искористи за набавување логопетски сетови за посебните основни училишта Иднина и Златан Сремец. Со тоа, компанијата ја продолжува традицијата во претпразничниот период со соодветна донација да ги помогне училиштата каде се згрижени деца со посебни потреби.

okta-gi-prenameni-novogodisnite-korporativni-podaroci-vo-donacija-za-dve-posebni-osnovni-ucilista-01.JPG

Донираните сетови содржат елементи за аудио и визуелен третман со дигитална компјутерска поврзаност што е од голема важност за развој и третман на оваа категорија деца. Од училиштата ја поздравуваат донацијата објаснувајќи дека логопетскиот сет е неопходен за терапија на говорот кај децата во развоен период и во третирање гласови, зборови, реченици и содржина на текст. Со овој вид третман се опфаќаат сите категории попреченост во развојот на ученици со интелектуална попреченост, мултихендикеп и аутизам. Со редовен и технички поддржан третман кај децата во развојниот период, резултатите може да бидат исклучително позитивни во експресивниот говор.

okta-gi-prenameni-novogodisnite-korporativni-podaroci-vo-donacija-za-dve-posebni-osnovni-ucilista-02.JPG

Од компанијата изјавуваат дека со оваа донација веруваат дека значајно ќе придонесат во унапредување на едукативниот и развоен процес кај децата од овие две училишта.

okta-gi-prenameni-novogodisnite-korporativni-podaroci-vo-donacija-za-dve-posebni-osnovni-ucilista-03.JPG

okta-gi-prenameni-novogodisnite-korporativni-podaroci-vo-donacija-za-dve-posebni-osnovni-ucilista-04.JPG

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...

Најчитани неделава