Тик, так, тик, так, време е за шопинг!

Полека се приближуваме кон крајот на првиот месец од новата година, а со тоа и кон времето предвидено за најдобар шопинг во градот– Last Minute Sale во Скопје сити мол. Од 19 јануари во Скопје сити мол ќе ги најдете вашите омилени брендови и тоа со попуст до 70%.

tik-tak-tik-tak-vreme-e-za-shopping-001.jpg

Доколку сè уште не си купивте ништо за празниците или доколку го барате совршениот задоцнет подарок, сега е совршено време. Скопје сити мол е вистинска дестинација за вашите шопинг уживања, затоа што таму може да најдете се под еден покрив.

Сè што ќе ви падне на памет, од облека, обувки или спортска опрема, преку накит и козметика, па се до бела техника, сега ќе го добиете по намалена цена. Испланирајте ја вашата шопинг тура низ продавниците во Скопје сити мол и изберете ги вашите омилени парчиња облека или купете си нешто што веќе подолго време го посакувате. Сега со вашиот буџет ќе можете да купите и повеќе работи наместо една или да изберете работи кои веќе долго време ви се на листата на чекање.

Скопје сити мол е совршено место за да ги поминете студените денови и да си го разубавите денот или да ги израдувате вашите најблиски со квалитетни парчиња облека или други работи кои им се потребни. Освен тоа имате каде да направите пауза, да испиете кафе со пријателите и да им покажете што сè сте купиле по супер ниски цени. Шопинг, забава и дружење, се на едно место, а сега со попуст до 70%, уживајте во највозбудливиот шопинг – Last Minute Sale во Скопје сити мол. 

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...

Најчитани неделава