Со купување на еден од лебовите на парчиња на Жито Лукс донирате за медицинска опрема за децата со белодробни заболувања

Со дел од средствата што ќе се соберат со продажбата на кој било леб на парчиња на Жито Лукс, ќе се набави опрема за четири болници во Македонија кои третираат белодробни заболувања кај деца.

so-kupuvanje-na-eden-od-lebovite-na-parcinja-na-zito-luks-donirate-za-medicinska-oprema-za-decata-so-belodrobni-zaboluvanja-001.jpg

(Скопје, 13.02.2018) - Нашиот најголем производител на леб, Жито Лукс започна акција со која ќе се обезбедат средства за набавка на медицинска опрема за четири здравствени институции во земјава, наменета за лекување деца со белодробни заболувања. Со кампањата, која ќе трае до 15 март, од секој купен леб на парчиња на Жито Лукс ќе се одвојуваат средства кои што ќе бидат наменети за набавка на опрема за детските оддели во Општата болница –Охрид, во Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје.

Респираторните проблеми кај граѓаните стануваат сè поизразени, при што особено погодени се децата. Токму затоа во последните години, во рамките на нашата компаниска филозофија за општествена одговорност и помош на заедницата, реализиравме неколку донации со кои се обезбеди медицинска опрема неопходна за детекција и лекување токму на овие заболувања кај децата.  Нашата најнова акција продолжува во иста насока донирајќи медицинска опрема во неколку здравствени установи во земјава“, вели Лидија Трајковска – Ристовска, од маркетинг секторот во Жито Лукс.

Жито Лукс минатата година донираше опрема за две институции кои се грижат за здравјето на децата, а врзано за респираторни проблеми, за Клиниката за детски болести и за Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле. 

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...

Најчитани неделава